Ова парче место со зелена боја, чини 33 милиони денари, односно повеќе од половина милион евра. И Богдановиќ го нарекува „инвестиција“

Арно ама, како што пренесе Канал 5, градоначалникот на Скопје Шилегов тврди дека станува збор за анонимни граѓани кои го уредиле просторот и дека градот немал право да уредува на тоа место. Како тоа градот нема право, а анонимни граѓани имаат право, остана нејасно. А, ако погледате повнимателно, до него истовремено стои Богдановиќ кој се пофали дека станува збор за инвестиција, веројатно на општина Центар.

 

?На површина од 5000 метри квадратни и инвестиција од 33 милиони денари, зазелени просторот пред Градскиот Трговски Центар.✅Секојдневно ги потврдуваме заложбите за зазеленување и ослободување на просторот, секаде каде е можно и условите го дозволуваат тоа.

Gepostet von Саша Богдановиќ am Mittwoch, 13. Mai 2020