Претседателот на СДСМ, Зоран Заев во вечерашното гостување на телевизија Телма даде свое видување како би изгледал изборниот процес.

Кога би можеле веднаш да одиме електронски, тоа би било одлично. Но, прво опозицијата треба да се согласи. Тоа на крајот треба институциите да го донесат, јас сум отворен. За саатнината кога се гласа, имајќи предвид дека ќе биде лето, никој не може да каже зошто да не се гласа од 6 наутро и до 22 часот навечер? Тоа ќе овозможни поголем простор за распоредување на гласачите. Ако треба да се купи пенкало за секој гласач, ќе купиме пенкала, трошокот за тоа би бил околу 150 илјади евра. За да не оди пенкалото во повеќе раце, рече Заев.

Тој додаде и дека гласањето би се одвивало со маски и ракавици, а маската би се тргнала при идентификација на гласачот, па би се вратила.