Страшо АНГЕЛОВСКИ

Триесет години ние, Македонците, како лисицата по овенот, трчаме заблудени по лажниот сон креиран во холивудските студија, звучно наречен НАТО и ЕУ. Па, заколнати во безалтернативното лудило, како во песната за мома Евгенија, парчиња од себе сечеме, за соколите да ги нараниме и, солзи рониме вода да ги напоиме. А тие, соколите настрвени, вечно ненајадени, уште и уште, со клуновите раскрвавени, телото крвожедно ни го колваат и, со грла суви, уште и уште, солзи македонски бараат.

Најпрво, си отсековме едно парче од сопственото тело и прифативме глупава референца, го избришавме членот 49 од сопствениот Устав, со што се откажавме од грижата за македонското малцинство во соседните земји и, го променивме официјалното државно знаме со шеснаесетзрачното македонско сонце. (Низ историјата, во војните, само знамето никако не смеело да падне во рацете на непријателот, бидејќи тогаш војната е изгубена. Ние, за жал, самите го фрливме под нозете на душманите.)

Потоа, бришејќи од Уставот дека Република Македонија е национална држава на македонскиот народ, воведувајќи бадинтеров апартхејд и, воведувајќи нова, наметната територијална поделба, отсековме уште едно парче и ја подготвивме државата за федерализација.

Па, менувајќи си го вековното име и идентитет, откажувајќи се од сопствената историја од најстариот период, го отсековме најголемото парче од сопственото тело. И, кога така, со распарталавено тело и со очи пресушени од солзи, потплатените ЕУ папагали помислија дека холивудскиот сон полека станува јаве, новите соколи со острите клунови, продолжија да чепкаат во болното месо. И сега, со острата кама треба да отсечеме уште едно парче живо месо и, да се откажеме од сопствениот јазик, од сопствената култура, од целокупната историја.

И потоа каде? Со тело без месо, со очи без солзи, со снага раскината од гладните соколи, каде ќе одиме, Македонци? И повторно, оние, потплатените ЕУ папагали, ќе ви речат – во подобар живот, ќе ви речат во рајските градини кај што тече мед и млеко, ќе ви речат – во ЕУ. И, нормално, како и досега, ќе ве излажат.

“ЕВРОПЕЈСКИЈА С’ЈУЗ“ И МАКЕДОНЦИТЕ

Бидејќи видовме што се случуваше во Благоевград при отворањето на македонскиот културен клуб со името на големиот поет од Банско, Пиринска Македонија, Никола Јонков Вапцаров, мислам дека и на најдобро платените ЕУ пропагатори, измамници и манипулатори, треба конечно да им стане јасно дека “в Европејскија С’јуз“ нема место за Македонците. Треба да им стане јасно дека во тој, како што самите си го нарекуваат, “елитен цивилизациски клуб“ нема место за потомците на “варварите“ на Филип Македонецот. Во тој “елитен клуб“, во кој неговата претседателка, која не ословува како с……македонци, добива месечна плата од повеќе од 30.000 евра, нема место за македонецот Атанас од Благоевград. Во тој клуб, во кој Матеас од

Шведска има право да “води љубов“ со шумата, Иван од Разлог нема право да биде Македонец. Во тој клуб во кој Марсел од Франција има право да се ожени со кукла од видео-игрите, Ефтим од Петрич нема право да се чувствува Македонец. Во тој “елитен цивилизациски клуб“, потонат во блуд, перверзија, неморал и духовна беда, во кој мажите можат да се претставуваат и чувствуваат како жени, жените како мажи, сите заедно како травестити и родител еден и родител два, само Митко од Сандански нема право да се претставува и чувствува како Македонец.

И навистина, што бараме ние, “варварите“ на Филип во тој “елитен цивилизациски клуб“ потонат во блуд, неморал и духовна беда? И кои заеднички вредности, ние, “варварите“ на Филип можеме да ги споделуваме со членките на “елитниот клуб“? Дали е тоа инквизицијата која траела седум века и во која во страшни маки пострадале над 70 милиони луѓе? Дали е тоа ужасното страдање на повеќе од 9 милиони жени, кои како “вештерки“ биле палени на клада? Дали е тоа злоставувањето и силувањето на милионите дечиња од страна на католичките свештеници? Дали е тоа погромот на Евреите кој започнал во Шпанија во 15 век, за да го достигне врвот во минатиот век, во кој на најужасен начин настрадале десеттици милиони Евреи?

ЕУ – СВЕТОТ НА СОВРЕМЕНИТЕ БОРЏИИ

Што бараме ние “варварите“ на Филип Македонецот во светот на блудот, неморалот и духовната беда, со кој владеат современите Борџии?

За да биде појасно: “Во периодот помеѓу 1400 и 1500 година, семејството Борџија дало двајца Папи – Каликст III (1455-1458) и Александар VI (1492-1503). Денес, семејството најмногу се памети по корупцијата за време на Александар VI. Тие се обвинети за многу различни кривични дела: прељуба, кражба, силување, поткуп, инцест, убиства ( особено убиства со труење).

Ова е најкратко за периодот на семејството Борџии во кој Европа пропаднала во блудот, неморалот и духовната беда. Денес, под власта на современите Борџии, под власта на “семејството“ на Фон Дер Лајен и останатите припадници на “елитниот цивилизациски клуб“, Европа повторно го живее системот на прељуба, кражби, поткуп, инцест… Систем со кој владее и во кој ужива екстремно малцинство со извитоперени умови, па, блудот, неморалот и духовната беда сакаат да го наметнат како “нова нормалност“, за да нивната извитопереност стане универзално секојдневие за човештвото.

Токму заради тоа, за “варварите“ со нормални умови нема место во “елитниот клуб“. Тие треба да бидат избришани, да бидат преиначени во тоа што не се, да им бидат одземени сеќавањата, родот, семејството, нацијата, државата. Па дури потоа смеат да бидат “коњушари“ во дворците на современите Борџии од “елитниот цивилизациски клуб“.
И затоа, треба ли уште парчиња да отсекуваме, треба ли уште солзи да лееме за да продолжиме по патот по кој сме тргнале, ние, “варварите“ на Филип Македонецот? Патот од кој нема враќање, патот кој не води во сопственото непостоење. Случувањата во Благоевград ни го покажаа тоа. Доволно за да се опулиме, доволно за да се опаметиме.
(Авторот е претседател на МААК)