Страшо АНГЕЛОВСКИ

Ќе започнам со зборовите на Аристотел, учителот на најголемиот светски војсководач Александар Македонски, кој рекол “мил ми е Платон, но помила ми е вистината“.

Па ќе речам:

“МИЛА МИ Е ЕУ, НО ПОМИЛА МИ Е ВИСТИНАТА“.

Оттука, некои нешта, токму заради вистината мора да се знаат:

Во 1923 година е формирано “Пан-европското движење“. За негов зачеток се смета објавувањето на ЕУ – манифестот, познат како “Пан – Европа“ од страна на Ричард фон Куденхов Калерги, чиј, еден од најголемите поддржувачи и најголем финансиер со тогашни 60.000 златни марки е Макс Варбург. Тој е директор на германскиот “И. Г. Фарбен“, конзорциум формиран од многу крупни корпорации, меѓу кои, на пример, Баер и Басф.

Но, она што е интересно е податокот дека токму “И. Г. Фарбен“, заедно со американските Џенерал Електрик, Хенри Форд, Прескот Буш, Стандард Оил на Рокфелер и, системот од 12 приватни банки, познат како Федерални резерви, чиј, еден од основачите е и братот на Макс, Пол Варбург, се најголемите финансиери на Адолф Хитлер.

Меѓу другото, она што е малку познато, е дека предлог на Калерги е “Одата на радоста“ на Бетовен, да биде европска химна, да се воспостави царинска унија и, да се потпише Римскиот договор, како основачки документ  на модерната ЕУ како европска наддржава.

Во својата биографија, творецот на “Пан-Европа“, Калерги, ги наведува луѓето активни или многу блиски до Работничката национал-социјалистичка партија на Хитлер, или нацистичката идеологија, а исклучително заслужни за ширење на идејата за обединета Европа, како наддржава, односно, за реализација на нацистичкиот сон за обединета Европа како “четвртиот рајх“.

Еве само некои од нив:

  • Конрад Аденауер, прв канцелар на Западна Германија, кој во тогашното германско МНР, според негови искажувања, на високи официјални функции вработил 66 проценти поранешни нацисти.
  • Алќиде Де Гаспери, новинар и политичар кој го поддржувал Мусолини. Премиер на Италија од декември 1945 година, кој издејствувал да не се гонат фашистите на Мусолини.
  • Пол-Анри Спак, член на белгиската Социјалистичка партија и јавен и официјален поддржувач на фашизмот на Франко и нацизмот на Хитлер. Од 1957 година, Генерален секретар на НАТО.
  • Холандскиот принц Бернхард од Липе-Биестерфелд, член на Национал-социјалистичката партија и СС офицер, во 1954 година иницијатор и основач на групата Билдерберг, чија цел е уништување на националниот суверенитет и создавање европска наддржава.
  • Валтер Функ, член на Национал-социјалистичката партија од 1931 година, од 1938 година министер за економија во хитлерова Германија, а од 1939 до 1945 претседател на Германската централна банка (Reichsbank). Автор е на економскиот нацрт за обединета Европа од 1941 година, врз кој се гради структурата на Европската Унија.
  • Валтер Холштајн, човек за кој многупати сум пишувал, човек кој во својот говор во Рошток повика на воена анексија на тогашна Чехословачка, кој како “правникот на Хитлер“ и член на Национал-социјалистичката партија ги предводеше преговорите на владата на Хитлер со владата на Мусолини. Од 1958 година, во два мандати, претседател на Европската комисија, највисокиот орган на ЕУ.

Меѓу заслужните се и Ханс Јозеф Глобка, еден од авторите на “расниот закон“ за Евреите од 1935, Дијана Мозли, сопруга на Освалд Мозли, лидер на британските про-фашисти и редица други.

Одиме понатаму.

Од 1 до 3 јуни 1955 година, во Месина на Сицилија е одржана конференција со цел “воспоставување економска интеграција на Европа преку создавање заеднички пазар“. Познат како “Комитетот на Спак“, ова е состанок на “сицилијанските шестмина“, со претставници на шесте држави што ќе го потпишат договорот за формирање Европска Економска Заедница, познат како “Римски договор“. На него учествувале веќе споменатите поддржувачи на нацизмот и фашизмот, Пол Анри Спак, како претставник на Белгија, Валтер Холштајн како претставник на Германија, но и Гаетано Мартино, некогашен член на фашистичкото движење на Мусолини, како претставник на Италија,  Антони Пинај, член на “Националниот одбор на Франција“, познат како про-нацистичката влада од Виши, како претставник на Франција…

На 5 март 1957 година е потпишан Римскиот договор кој се смета за основачки акт на денешната ЕУ. Само колку за информација, договорот, во име на Холандија го потпишал Јозеф Лунс, тивок член на Национал-социјалистичкото движење во Холандија, а Генерален секретар на НАТО од 1971 до 1984 година…

Ова се дел од “татковците“ на европската наддржава ЕУ, кон чии “вредности“, изградени во времето на нацизмот, упорно се стремиме.

Па, ќе речам:

“МИЛА МИ Е ЕУ, АМА ПОМИЛА МИ Е ЕВРОПА“

Колку за информација, на изборите за европскиот парламент кои треба да се одржат во јуни годинава, а на кои избори до сега никогаш не излегле повеќе од 20 проценти од гласачите на европските држави, членки на ЕУ, ќе бидат избрани луѓе со пет-шест процентна поддршка од вкупниот број гласачи во сопствените држави. Меѓу другите, за нив ќе гласаат и граѓаните на Гвадалупе, Мартиник, Француска Гвајана, Реунион и Мајот, француски колонии, колоквијално нарекувани со акронимот DOM – TOM, а оддалечени илјадници километри од Европа.

Така, ќе се формира една отуѓена, од екстремно малцинство избрана, корумпирана, скапо преплатена бирократска структура во вид на европска наддржава, која со својата моќ директно ќе влијае на иднината на Европа, но и на иднината на европските држави, членки на Унијата, одземајќи го нивниот суверенитет. Тој и таков отуѓен центар на моќ, денес претставува моќно оружје на американската либерална елита во борбата за уништување на европските суверени држави и преземање целосна контрола врз судбината на Европа токму преку “четвртиот рајх“, европската наддржава.

Таквата отуѓена европска либерална елита, која себе си’ милува да се нарекува “елитен цивилизациски клуб“, веќе подолго време, а посебно по почетокот на руско-украинскиот судир, носи одлуки спротивни на интересите на државите членки на ЕУ, спротивни на интересите на европскиот континент во целина, спротивни на европскиот мир, а во интерес на американската либерална елита и администрацијата на Бајден, за кои, за жал, “мирот е само времена состојба меѓу две војни“.

Ваквата европска отуѓена наддржава, како творба замислена и реализирана од нацистичката елита и нацистички соработници, за жал, ја турка Европа во крвава војна и токму затоа  велам дека имаме обврска да ја спасиме Европа токму од Европската Унија.

Првиот чекор нека биде спротивставување на нацистичкото минато, нацистичките методи и нацистичките идеи кои преку ЕУ “вредностите“ заживуваат пред наши очи. Нивно целосно уништување како метод за светско владеење, а враќање на вистинските вредности како семејството, нацијата и суверената држава.

Зашто, само доколку ја спасиме Европа, по цена да се растури ваквата ЕУ, како отуѓена наддржава на либералните (читај: марксистички) елити, заедничкиот континент ќе можеме да го пресоздадеме, чуваме и развиваме како сојуз на суверени европски држави, а не како оружје за предизвикување војни во рацете на едно малцинството кое сака да господари со светот.

(авторот е претседател на МААК)