Љупчо ЦВЕТАНОВСКИ
Државата која секогаш ќе се вика Македонија, а она контра јужната страна на светот можат да си го набијат каде Сонцето никогаш не грее, силно се „потресе“ од едно писмо. Јес, пусулчето кое Катица го напиша од затворската и ќелија, најверојатно срочено на рапава затворска тоалетна хартија, внесе немир во државата која одамна нема допирна точка со правна. Секој нормален ќе рече – „Абе бркајте работа, дали сте нормални, вакво нешто е надвор од умот!“ Арно ама, такви веќе одамна нема во власта…
Го доурива ли епистоларната комуникација на Катица и онака одамна урнатиот и непостоечки систем во државата? Веројатно, оти ваков правен преседан немало ниту во Зимбабве, уште помалку во Еритреја. Да, извинете официјално Хараре и Асмара за споредбата со дејанијата на Зоки Муртичи, Боки Тредичи, Какица, Фрикислава, Радослава, Кики и компанија. Уникатни се, подолу здравје.
И додека северотопијската квази-влада продолжува да ги замачкува глупоштините, криминалот и рекетот, им текна многу добар начин да се извадат од гомнениците, кои меѓу другото, толку добро им прилегаат. Реално, им недостигаат само уште пердуви, залепени на изметот во кој се замачкаа, за да сликата биде целосна. Од дамнина, измамниците така и биле „наградувани“, нели…
Така, велат дека Коки 2, Роки, Коста, Фрикислава и останатитот дел од спинерската комуњарска ергела три ноќи не спиеле во седиштето им партиско и мислеле, мислеле и мислеле како да се извадат од гомнениците. Не им било лесно, ама ич, свесни биле дека со Катица се заглавиле во тешка КАКИЦА. Ама до гуша, а нивото на фекалии, растело ли растело. Веќе, и едвај дишеле пустите…
И оп – „ЕУРЕКА!“ Викнал и скокнал еден од најспинерите. Сите среќни со олеснување се свретеле и потресени прашале – „Што смисли другар, аман спаси не, тонеме, аман друже спасуј не’ се удаифне!“
„Вака, другари! Секој втор другар да се саможртвува и да дозволи некој да се качи на него на јушка, така ќе добиеме на време за да излеземе од гомнениците! А, а? Не џабе Петар толку ме испофали! “ – извикал радосно Коста.
„Свечено ќе потпишеме дека по кризата и прањето од срањето, ќе му вработиме и вдомиме цела фамилија на жртвуваниот, ќе добијат и тендери од Фондот за иновации, стипендии за странство ко Нино, а од рекетот ќе има и за внуците, не само за синовите и ќерќите, а? Нешто ко у шаренана лакрдија, топ идеја, нели?“ – извикал радосно со самозадоволна, блажена фацичка.
„А, како ќе ги избираме? Или ќе бараме доброволци од шареноликите ни другари и другарки?
Ќе се саможртвуваат ли тие подолните и не толку синокрвните за нас, ќе се удават ли во гомненици за врхушката, а?“ – запрашал вториот спинер.
Радоста исчезнала од фацичките спинерски, оти знаеле дека таков комуњар мајка не родила, силно воздивнале , па брилијантните умови пак се дале на мислење…
Мислеле, мислеле и мислеле и втората вечер, арно ама, не и текнувало, затоа што сивите ќелии (и онолку малку колку што ги имале) им биле зарѓани, две години на власт не ги употребиле, оти немало потреба, ридот се’ им средувал, дури на сабајле и чорапите им ги наоѓал.
Да, ова бил првиот вистински предизвик на наместените протекторат-државници.
Првпат во животот биле оставени само на себе, а љубов им откажале и странските медиуми кои на власт ги инсталирале…
„Еурека, ама два!“-извикал со еуфорична фацка Коки 2. „Ми текна како ќе се опереме од гомненициве!“
„Ууууууф!“ громогласно олеснување се чуло, а сите спинери комуњарски повторно воздивнале, желни да го чујат спасоносното решение.
„Ќе ќажеме, а сите наши 100 медиуми ќе отворат вести со тоа, интернет изданијата тоа ќе го имаат ко главна вест на првата страница, исто ко и печатените, абе нема промашај, скроз ќе ги зезнеме небањативе!“ извикал со фацка слична на онаа од фотките со Тредичи кои нацијата желно чека да се објават.
И додека сите со очи црвени од слушање (ко што кажа Муртичи во една пригода) чекале со нетрпение и исчекување, со блажени фацички, Коки 2, посвоено чедо на ЗЗ, извикало:
„Ќе кажеме дека Грујо е крив за рекетот и дека он бил главата на октоподот, а не Зајо наш. Ќе исценираме дека Грујо бил врзан со Катица и Боки, фотки фотомонтажа со рекетарите билмески ќе скроиме, абе бонбона ќе биде, ќе го исфилуваме, ама скроз ќе го нацуцулиме Грујота, ни на Мицко не му праштаме, а Зоки ќе го испереме за сите пари, милиони де!“
Фацичките спинерски се озарите и инстант омекнале, да, им паднал тежок камен од грбот.
Душичките напатени, кои ниту еден ден во животот вистински не работеле, силно воздивнале, почнале со солзи радосници да се гушкаат и веднаш почнале да се договараат каде нова журка да направат, по урнекот на онаа за НАТО, со избрани и малку фацички на број, ама гала да биде. Со државни пари, се разбира.
Еуфоријата и спасението на душите комуњарски ги прекинал Роки, главниот стратег, кој громогласно спискал: „Прекинете, другари! Не е време за забава и славје!“
Со посмирен но торжествен тон, кога видел дека е во фокусот на комуњарското внимание, командантот срочил: „Идејата е океј, башка сто пати искористена и успешна, не го омаловажувам Коки 2 посвоениот, но, сепак, ајде да бидеме малку посериозни, па владееме со држава, дајте нешто пооригинално, онака синокрвно, ама јако, другари! Ова не минуе кај странциве, чадорот не одобрува, крај!“
Силен молк и штама завладеала во шареноликиот табор. Траел долго и станал повеќе од неподнослив. Сите со солзи во очите размислувале, едни како ги враќаат парите од тендерите, други како неспособните деца им остануваат без стипендија, трети како чедата им ги губат директорските места, четврти како и стануваат комшии на Катица итн. итн. итн., кога – оп, Фрикислава скокнала и со драматична фацијална експресија гордо соопштила:
„Драги мои другари спинери и уште подраги комуњари, знам како ќе се справиме со кијаметов и рекетов (на спомнувањето веднаш лиги и потекле) со кој заглавивме во гомненициве! Рецептот е едноставен, а така топ!“
И додека сите нестрпливо очекувале како ќе се спасат од сопствената глупост и ненаситност, таа треснала по масата со тоалетна хартија. Сите се зачудиле, никој не сфаќал, помислиле дека пак ја стегнало, а таа со промуќурна фацичка преполна со себе кажала:
„Гомненици со што се чистат, а? Па со тоалетна хартија, драги мои, со ТОАЛЕТНА! Ќе и кажеме на Кети да напише писмо од затвор на тоалетна хартија, пооригинално, здравје, ќе и срочиме што да напише, ќе го прати кај нашиве у ОЈО и ќе ги срозаме немиениве! У ствари, боље она да не го пишуе, туку некоја од цимерките од соседните ќелии, нашава е неписмена, гарант ќе утне нешто, нели. Ауууу, како ми текна, ќе пукнат од мака, абе ќе побацат шо сите предмети измислени ќе ги пребациме кај другиве наши полтрончиња од обвинителства и судство. Па таму, ко ќе ги стават у машина Вили, Лошила и Љубе, ќе видат они шо е шо и кој е кој! А ние ќе се праиме на Тошо, па и на Цацко ако треба, демек немаме појма и ко добра идеја ќе го оценуваме барањето на Кејти. Уууу, јес, топ идеја, а, признајте поданици мои, ајде, ајде, фанфари и овации, аплауз, чадорот одобруе, јес!“ – ги мотивирала Фрикислава до пред малку натажените чеда опортунистички и лукративни.
Силна еуфорија завладејала на екс Бихаќка и изумителката на спасот на раце ја изнеле од салата, се разбира со блех музика и турбо-фолк, оти многу си ја сакале и поштуеле, башка што само нејзината „лирика“ ја разбирале.
Граѓаните на државата чие име го менуваат, пак, резигнирано ја примиле веста. Да, тие пустите знаеле дека и онака, Уставот и Законите во протекторатот Заевистан одамна и често се користат ко тоалетна хартија. Минатите година-две, тоа го виделе безброј пати, така што новата употреба на тоалетната хартија не ги ни изненадила. Не ни трзнале… Па чуму тогаш да ве фрапира податок дека некој со писание на тоалетна од затвор ја крои државата, кога знаете дека тие што ја прекроија државата и ја кројат историјата не се во иститот , туку се на власт…
Затоа, тоалетната на Катица за бришење на владината какица е само уште една проѕирна епизода во нивната, не и наша Северотопија.
Оти, во народната, давеникот се фаќа за сламка, во северотопија, пак, давеникот (читај власта) за тоалетна. На страна што фантастично им прилега…