Сменија име, Устав, историја. Па добро, не може подолу од ова. Или, сепак, можело?
Може, може, драги мои. Оти оваа Влада нема граници, исав, за скрупули, пак, да не правиме муабет. И тамам кога ќе помислите дека го достигнале дното, а со нив и ние, тие секогаш изненадуваат со нови, понови и најнови повраќаници. И така, откако среќни што со со сила, закани и затвори го „решија“ проблемот со Преспанската идиотштина кај нас, Северџаните озарени не застанаа. И оп, Димитров си призна и без никаков проблем си се откажа од Македонци и македонски јазик, „ќар“ кој до вчера не убедуваа дека наводно е силно стекнат во Нивици. Јавно, со писмо до Ципрас, писание со кое самоволно престануваме да бидеме она што сме. Ние не, тие да, иако, никогаш и не биле. Да, ова е она, кога потпушувањето станува навика…
Во еуфоријата од сопствениот „успех“ и гласањето на 81 однароден суруш во она што го нарекуваат законодавен дом, Северџаните повторно го допреа дното. Поведени од сопствената мизерија, сега, со решен проблем во државата кој, благодарение на нив, некогаш се викаше Македонија, побрзаа да и „учинат“ и на Грција.
Уплашени, не дај Боже (иако, во Бога очебијно не веруваат, туку за Него само декларативно и лукративно бладаат) потпишаната и оверената ни капитулација да не помине во Атина, Али- Заев и 80-те разбојници се откажаа и од нацијата и јазикот, со кои дома насушно ги фарбаа и онака одамна добро префарбаните шаренолики билмези. Стравот куќа чува, а кај Заевци и Димитровци, фотелјата се чува со нови капитулации. Па и онака, толку се навикнаа да се откажуваат од се’, што ова најново откажување од главните „придобивки“ од Преспанската утопија и не е нешто страшно. Барем за нив, нели. И онака, лесно е да се откажете од нешто што никогаш и не сте го добиле, а само сте мавтале и лажеле со него.
Со цел памет, за да во последен момент ги придобијат и предомислат грчките пратеници кои сакаат да гласаат против договорот, нашите Северџани се откажаа и од прикаската дека нешто воопшто сме добиле со мизерниот договор?!
И би, му дадоа силен адут на Ципрас да им каже на своите грчки неверни Томи, на кои не им е доволно бингото доделено од Заев & компанија, дека извојувале целосна победа, што и онака е неоспорен факт. Сега, Алексис со пусулчето оверено од Димитров, замафта силно пред своите неверници и во кулоарите јасно ќе им свика: „Алоооо, кој бре признал некакви Македонци и уште понекаков македонски јазик! Алоо, Каменос, па еве, сами преку институција звана МНР Скопско, со личен потпис на министер си признаваат дека никогаш и не го добиле тоа! Ајде, гласајте сега, да ги дозакопаме сверените ни соседи, нит се Македонци нит македонски јазик имаат! Самите си признаа, алоо!“
И така, Ципрас ќе ја протне македонската капитулација и во Грција, а потоа ќе им изгради споменик на Димитров и Заев поради „храброста“ да признаат дека не постоиме. Слично на оние „храбрите“ 600 илјади шаренолики срцки кои гласаа „ЗА“ на Референдумот. Храброст, невидена.
И така, со писмото потпишано е од министерот за надворешни работи Никола Димитров со кое се потврдува дека македонско, македонски, macedonian не се етничка или национална припадност туку само државјанство, башка со небулозното дообјаснување за јазикот, Нино од Димитрови му даде силен ветер во едра на пријателот му Ципрас. Тој, пак, пресреќен од признанието северџанско, си го прочита во Парламентот му грчки. Епа, ако рог лаже, Димитров не лаже, нели…
А Заев, скија ли скија во Германија. Оти тој, нема врска со ова, нели. Исто како и со неуставното воведување на двојазичноста. Па Зоки скијаше со фамилија, немал поим што се случува во северната му Македонија. Рада гарант е во Прада, Кочо си мести некое тендерче, а Филипчо си игра со нови етикети на истите му вакцини. За Али & Груби компани знаеме, сигурно некаде летаат орлиња и плукаат по Стоилов и Борко. Така, сите зафатени, уживаат со силното им алиби. Јок, тие не ја уништуваат државата каква што ја знаеме, башка, се’ што прават, прават само за добробитта на народот од кој се откажаа со пусулче. Срцки, кои до вчера го гарантираа идентитетот, нацијата и јазикот…
Арно ама, навистина ли мислат дека ќе поминат така лесно? Дека и во иднина, ќе биде никому ништо, било што било, било па поминало?
Ех, Северџани непрокопсани, апатијата и рамнодушноста, кај и да е, ќе поминат. Нема ни вечно да бидете на власт. Кога-тогаш, ридот ќе сфати дека сте искористени кондоми, па ќе ве батали. Заедно со антинационалниот истресок во вас. А тогаш, тогаш доаѓа време за плаќање на сметките.
Оти, ова е „игра“, која колку и да е грда, навидум мајтапџиска и колку да изгледа дека е лесно да се игра кога некој силеџија што не го боли уво за македонштината ве поддржува, ова е игра која како и стапот има два краја.
Да, Северџани наши, игра во која влезот е бесплатен. А излезот, тој се наплаќа. Скапо…