Овој трговско-политички манипулант меша во коските на нашите претци, како и во идентитетот и иднината на нашите деца и идни поколенија. Залажувачката едно евро за мене, едно за црквата и петстотини евра за тие што наивно, и слепо, и веруваат на оваа Несреќа, набрзо ќе пукне како презреана зелка од Муртино.
Македонија не е Глобал и за овој криминал нема аболиција! Па, дури „тие од надвор“ и некој од најблиските на црпнатиот трговец со македонските национални чувства, со македонското име, со македонскиот идентитет, историјата и се што е македонско, да ни го октроираат и за крал. Македонија не е Глобал, ниту фирма за краставици, пиперки и ајвар за тргување… Ова светско понижување што на Македонија и го направи овој просечен трговско-политички манипулант, и потпросечен интелект, октроиран од „тие од надвор“ за премиер на државата, длабоко зарива нож и во минатото и во иднината на Македонија. Тоа е криминал за кој нема аболиции и амнестии.
Овој трговско-политички манипулант меша во коските на нашите претци, како и во идентитетот и иднината на нашите деца и идни поколенија. Залажувачката едно евро за мене, едно за црквата и петстотини евра за тие што наивно, и слепо, и веруваат на оваа Несреќа, набрзо ќе пукне како презреана зелка од Муртино. Тие што се уште не сфатиле дека Несреќава, што сам се претставуваше дека Господ го црпнал од нивите во Муртино, за да ја просветли Македонија, ни е скапо платен Тројански подарок. Нема да мине долго време кога и најзаблудените ќе сфатат зошто не „наоружаа со бомби“ и зошто аболициран за криминал ставија на чело, да не поведе во борба против криминал.
Многумина си ги сфатија заблудите, но катастрофалната штета на Македонија веќе и е направена. Сега и најгласните саксафони на Несреќава свират тревога за Македонија, поради неговиот капитулантски пазар со името и иднината на Македонија. Токму тие кои во срце и на рамена ја носеа Несреќава за премиер, како иднина и алтернатива на бившиот „режим“. Секако, помогнати со скапо платената странска пропаганда.
Но, македонските чувства, идентитет и македонскиот корен, за мнозинството Македонци не е тиква со коренче од пет сантими во струмичките ниви. Многу жртви и гробови има низ Македонија, за која Несреќава се договара и ја распродава како да е плац за дивоградби… Нека ми простат тие што го читаат текстов поради емотивноста и личните примери подолу. Но, луѓето од алгите се разликуваме и по тоа што имаат чувства на припадност, историја, традиција, почит кон претци… Не живееме само од вода и од петстотините евра црпната плата.
Илјадници Македонци се бореле и загинале за Македонија, а ние та нели сме луѓе а не габи од шумите низ Беласица, и не треба да заборавиме дека нашите поблиски или подалечни претци не се бореле за Несреќава да тргува со историјата што ја создале и да и го нанесе најголемиот срам, понижување и изедначување на Македонците со алги од Моноспитовско блато. Таков преседан не доживеала ниедна земја во светов. Ни во војна, а камоли во мир…
Прадедо ми Лазор Петревски е загинат во 1903 година, во Илинденското востание, кај слепечкиот манастир во Демирхисарско. Спомен плоча за тој настан, со имињата на загинатите, има во селото Слепче. Дедо ми Велјан, кој бил единствен син на Лазор, останал сирак на возраст од десетина години. Дедо ми Велјан, од двајцата синови што ги имал, Сарафил и Грујо, едниот, чичко ми Сарафил го изгубил во 1945 година на Сремскиот фронт, додека неговиот друг син, татко ми Грујо, кога стигнала лошата вест од Срем, се уште бил во партизани.
Спомен плоча за загинатиот Сарафил и другите борци кои се жртвувал за слободна Македонија има во село Мренога… Има илјадници вакви и слични приказни закопани во знајни и незнајни гробови на Македонци, кои се жртвувале нивните потомци да не бидат црпнати алги, туку да го носат името на родот за кој се бореле и загинале. Тие не се бореле за Несреќата секоја недела да предлага име како да се вика земјата за која се бореле и под која лежат. И да им менува идентитет на Македонците почесто отколку масло на неговите мотори со кои се кочопери низ Македонија.
Несреќата нека ги менува имињата на неговите фирми за корнишони, колку му е волја. Но, Македонија не е претпријатие во негова сопственост да ја става во срамен стечај. Оти и алги и габи би се чувствувале понижено и наврдено од ова што Несреќата со неговиот тим и го прави на Македонија. А да не стане збор за луѓе. Хумано е да биде аболициран за сите лаги што досега ни ги сервира. Но, аболиција за предавството на Македонија – никогаш!
Ниту за Него, ниту пак за неговиот Несреќен тим, што Македонија и Македонците ги изложи на срам каков што светов првпат гледа.
(Појаснување: Текстов е објавен на 14 јуни 2018 година, а колку е актуелен и денес сведочи и денешниов ден)