Рон ЏОНСОН

Роберт МАЛОУН

(колумната е објавена во „The federalist“)

Во јули 2021 година, претседателот Бајден, членовите на неговата администрација и останатие од „Ковид“ картелот – федералните здравствени агенции, фармацевтските компании, мејн стрим медиумите и главните интернет мрежи – ФБ, Твитер, Ју туб… – почнаа да ги обвинуваат невакцинираните за продолжената пандемија и ја нарекоа „пандемија на невакцинирани“.

На 16 јули 2021 година, Салвадор Ризо, пишувајќи како „проверувач на факти“ во Вашингтон Пост, а со тоа и ценет член на картелот „Ковид“, му додели на сенаторот Џонсон четири Пинокија ​​затоа што го изјавил тоа што објективно е вистинито: Системот за известување за несакани настани од вакцини (VAERS) на Центарот за заштита од болести (ЦДЦ) имал веќе објави за „над 5.200 смртни случаи“ на нивниот „систем за рано предупредување“.

На 3 август 2021 година, израелското Министерство за здравство објави дека е соборен петмесечен рекорд на нови случаи, а огромно мнозинство од нив биле целосно вакцинирани лица.

На 1 септември 2021 година, New England Journal of Medicine објави писмо во кое известува дека заштитата од вакцина против Ковид кај 19.000 здравствени работници во Сан Диего се намалила од 94 проценти од март до јуни на 66 проценти во јули.

Времето во кое невацинираните беа жртвено јагне виновни за тековната пандемија не беше случајно. За секој што обрнува внимание и не е заслепен од песната на Фаучи за сирената, стана очигледно дека вакцините не се толку безбедни или ефективни како што сите се надевавме и се молевме дека ќе бидат. И, бидејќи картелот „Ковид“ беше толку обврзан со вакцини како единствено решение за корона вирусот, доказите дека нивната стратегија не успева бараа одговор.

Така, картелот „Ковид“ ги обвини невакцинираните за да го одвлечат вниманието од нивните сопствени лаги. За жал, тие едноставно не можеа да си дозволат искрено да одговорат. Тие ги ставија сите свои јајца во корпата со вакцини, го саботираа раниот третман против вирусот и сега на повидок беше нов пораст на заразени и смртни случаи од Ковид. Есенскиот бран во 2020 година го достигна својот врв во јануари 2021 година, при што бројот на зразени смртни случаи почна брзо да опаѓа во следните пет месеци. До јуни 2021 година, имаше приближно 120 милиони инфекции со Ковид во Америка, а силните докази за издржливоста на природниот имунитет по инфекцијата со Ковид се зголемуваа. Процентот на целосно вакцинирани Американци постојано се зголемуваше, а логичното очекување беше дека се постигнува имунитет на стадото и дека крајот на пандемијата треба веќе да е видлив.

Но, тоа не беше случај, и на картелот „Ковид“ му требаше некого кого ќе го обвини за тоа: невакцинираните. Бидејќи направија се што можеа за да го блокираат раниот третман, немаа терапевтски средства да им понудат на новозаразените. За разлика од Мексико, индискиот Утар Прадеш и многу други „помалку развиени“ нации, тие не можеа одеднаш да ги прифатат широко достапните, безбедни генерички лекови, откако претходната година ги фрлаа во ѓубре и ги потиснуваа. Бројот на мртви едноставно беше преголем за за да признаат дека не биле во право за спасувачкиот потенцијал на овие лекови. Така, наместо да се фалат за нивното трагично лошо управување, тие дозволија повеќе луѓе непотребно да умираат.

ВТОРОТО МИСЛЕЊЕ Е „ЛАЖНА ИНФОРМАЦИЈА“ И „ТЕРОРИЗАМ“, ОСВЕН АКО НЕ Е НА БАЈДЕН

Во октомври 2021 година, претседателот Бајден рече дека здравствените работници кои се вакцинирани „не можат да шират“ Ковид „на вас“. Ова беше отворено лажно. ЦДЦ веќе беше принуден да признае во август 2021 година дека „целосно вакцинираните луѓе со делта варијантата можат да се заразат и да се разболат, како и да го пренесат вирусот на други“. Сепак, наративот дека вакцините ќе бидат конечно решение се користеше за да се оправдаат бесмислените наредби за задолжителна вакцинација кои беа мошне корозивни, раздорни и деструктивни за нашето општество. Американците беа изманипулирани и свртени еден против друг за да се покрие лошото управување на владата, додека многумина умреа поради сузбивање на опциите за ран третман. Безброј работници мораа да изберат: или ќе ја изгубат работата или ќе прифатат вакцинирање, а голем број претпочитаа да одбијат.

Бизнисите беа нарушени, затворени и оштетени, а структурата на американското општество доби длабоко лузна. За да биде уште полошо, на 7 февруари 2022 година, Националниот советодавен систем за тероризам издаде билтен во кој сумираше нова терористичка закана за САД, која вклучуваше „лажни или погрешни наративи и теории на заговор и други форми на погрешно и лоши информации (MDM).“ Според Одделот за домашна безбедност на Бајден, оправдувањето за оваа изјава вклучува „широко распространето онлајн ширење на лажни или погрешни наративи во врска со… КОВИД-19“.

Значи, оние со второ мислење за пандемијата сега се осомничени терористи? Оваа навреда на првиот амандман на Уставот не наведува конкретни примери. Дали дезинформациите на претседателот Бајден од 21 јули 2021 година дека „нема да добиете Ковид ако ги имате овие вакцини“ ќе се смета за терористичка закана? Тоа сигурно е лажен и погрешен наратив.

До денес, картелот „Ковид“ продолжува да промовира широко распространет страв, одбива да го препознае природниот имунитет и се обидува да протурка вакцини врз децата кои имаат мал ризик од сериозна штета од „Ковид“. Доаѓа време на размислување и пресметка, како што докажува штрајкот на канадските камионџии. Администрацијата на Бајден и остатокот од картелот Ковид мора да престанат да ја делата Америка и да ја злоупотребуваат нејзината огормна моќ.

Патот напред треба да биде очигледен. Почитувајте ја јавноста со тоа што ќе бидете искрени и транспарентни со неа. И престанете да ја нарушувате нашата од Бога дадена слобода и лична здравствена автономија.

(Американскиот сенатор Рон Џонсон е републиканец од Висконсин. Д-р Роберт В. Мелоун е пионер на технологијата на мРНК и е автор на револуционерно истражување за тоа како РНК може да се доставува во клетките)