Вчера започна фалсификат процесот против „терористите“ од 27 април. Кога веќе го наместија случајот кај Кацарска и кога ќе се види како се темпирани рочиштата, јасно е и како ќе заврши случајот и јасно е дека хунтава ќе прави спектакли, театри (при што оние т.н. глумци кои прв пат видоа некоја паричка од својата професија во време на „режимот“ на Грујо, ќе молчат како да се булки), а нејзините потрчковци по медиумите ќе пласираат наслови за т.н. „крвав четврток“ со цел и преку овој случај да ја заблудуваат јавноста околу референдумот.

Но, во случајот за 27 април има еден проблем кој правно ги поткопува намерите на хунтата. Не дека им е гајле за тој правен проблем, но наше е да го споменеме, а бргу, ова ќе си го добие и своето правно значење.

Имено, процесот започна без да се разреши моментот што му претходеше на влегувањето во Собранието – изборот на Талат Џафери. Иако на сите ни е јасно што се случи, правно гледано тоа е претходно прашање кое мора да се разреши за да може да почне, односно да продолжи процесот за 27 април. Дали изборот на Џафери беше сторен со криминал или не? Дали луѓето влегоа внатре како последица на тој криминал или не? Зашто една е ситуацијата ако тоа било криминал (што впрочем лесно се докажува), а сосема друга е ако мирните, наивни и добродушни пратеници од СДСМ и ДУИ, свикале легална седница и си избрале претседател на Собранието.

Зошто е тоа битно и зошто ова е претходно прашање (член 20 од ЗКП) кое мора да се разреши пред почетокот на поцесот за 27 април?  Еве, да обидам тоа пластинчо да го објаснам:

Да претпоставиме дека наместо криминален избор на претседател на Собранието, внатре се случува заложничка драма и Талат, Заев, ете неговиотн пиштолџија и некои други, киднапирале десетина луѓе. Тоа го разбираат демонстрантите надвор и влегуваат внатре. Се разбира, без дозвола, без пријавување на пријавница, туку така како што влегоа и на 27 април. Дали е тоа тероризам? Дали е тероризам ако спречиле или се обиделе да спречат загрозување на уставното право за слобода на движење на киднапираните? Која вредност за општеството е позначајна да се заштити – слободата и животите на киднапираните или редот во Собранието кој патем, веќе е нарушен со киднапирањето, освен ако некој не мисли дека таму тоа е дозволено.

Слично е и во конкретниот случај. Дали луѓето од „За заедничка Македонија“ влегоа внатре онака, зашто им беше досадно, па решија да ги прекинат пратениците во нивното доброчинителство кон народот, кралот и државата или влегоа за да спречат една група која со дејствијата се легитимираше како банда, на криминален начин да го наруши уставниот поредок на Република Македонија со криминалниот избор на претседател на Собранието?

Со оглед на елементите кои ги содржи делото тероризам (НАМЕРА за загрозување на безбедноста и поредокот, НАСИЛСТВО и третиот елемент, предизвикување СТРАВ) ова е од клучно значење за случајот. Имено, ако некој држи киднапирани лица внатре, а вие се обидете да го спречите во тоа, дали вршите казниво насилство врз него (оние што извршиле насилство) и дали сте направиле незаконски упад во објект и просторија во која не смеете туку-така да влегувате или преземате дејствија кои во крајна линија, сте и должни да ги преземете.

Ако Обвинителството на Јовевски има записници од седницата на која е избран Џафери, ако има валиден документ дека претходно овластено лице ја свикало седницата согласно Деловникот на Собранието на РМ, тогаш се што треба да направи е да ги приложи. Ако нема, тогаш и самото Обвинителство, односно надлежниот обвинител прави криминал со фактот што досега немаме процес за ова.

Но, во секој случај, без разрешување на ова претходно прашање, случајот против „терористите“ не е валиден. Толку господо комуњари, нема тука друга филозофија.

Инаку, ЗКП во вакви случаи предвидува стопирање на процесот за 27 април додека претходното прашање не се реши. Дури потоа, може да продолжи, ако има зошто. Ама тој дел од ЗКП не ви се чита, нели?