Дар­ко ЈАНЕВСКИ
(Колумната е напишана во 2012 г. кога СДСМ се обиде да упадне во Собранието на Град Скопје по повод менувањето на имињата на улиците во градот, скандирајќи им на вмровците „Бугари, Бугари“)

Шест го­ди­ни че­мер, јад и пе­лин во ду­ши­те мла­ди, шест го­ди­ни „та­га и бол­ка на пог­ле­дот ср­цен“, шест го­ди­ни те­го­бен жи­вот под но­ви­от ре­жим. И ко­неч­но, „сил­но свет­нал ден“ и ко­неч­но, по не­кол­ку не­ус­пеш­ни ре­во­лу­ции и бун­то­ви, СДСМ ре­ши да трг­не во по­ход. Којз­нае по кој пат, но се­га цвр­сто и не­по­ко­леб­ли­во, од­но­во го чув­ме по­ви­кот „До­ста е!“.

И за­тоа, не­ка им би­де про­сте­но на лу­ѓе­то што се оби­доа на­си­ла да вле­зат во Со­бра­ни­е­то на Скоп­је. Не­ка им би­де про­сте­но, оти нив сон не ги фа­ќа, ден не ги об­ле­ва, сон­це не ги грее, по ова улич­но пре­дав­ство. Се му за­бо­ра­ви­ја на Гру­ев­ски. Па ду­ри и тоа што не им по­пу­шта на Гр­ци­те, ама пре­ку ова ве­ќе не мо­же да се по­ми­не. Да се сме­нат ими­ња­та на ули­ци­те во пре­стол­ни­на­та на не­ко­гаш­на­та Јуж­на Ср­би­ја, а де­неш­на Ма­ке­до­ни­ја, па зго­ра на тоа, ед­на од нив да би­де кр­сте­на со име­то на „крв­ни­кот“ То­дор Але­ксан­дров, тоа ве­ќе не мо­же. Оти што би ре­кол Бла­же Ко­нев­ски, „се по­вра­ти чо­век во род­ни­от град, по мно­гу вре­ме и ма­ка, што оста­вил ед­наш тој не нај­де пак, тој не нај­де ни­што да мра­зи и са­ка“.

До­ду­ша во на­ши­ов при­мер не е баш де­ка не­ма мра­зе­ње, ама Ко­нев­ски жи­ве­ел во дру­го вре­ме. Де­нес не оста­на ни­што дру­го освен да се мра­зи овој те­рор. И да се ур­не, ма­кар и на­си­ла.

И за­тоа не е вре­ме чо­век се­га да се пра­шу­ва зо­што во оваа др­жа­ва се уште вла­дее цр­но-бе­ла­та исто­ри­ска ма­ке­дон­ска сли­ка. Сли­ка што им да­ва по­да­ро­ци на си­те, а најм­но­гу на Ати­на. Оти те­шко е да се об­јас­ни зо­што еден го бо­и­ме со цр­но, друг со бе­ло. Те­шко е да се об­јас­ни спо­ред таа сли­ка зо­што ги сла­ви­ме и Илин­ден и Го­це Дел­чев, ко­га ток­му тој бил про­тив Илин­ден. Зо­што го сла­ви­ме Да­ме, а не и Са­ра­фов, ко­га двај­ца­та би­ле во исти­от илин­ден­ски штаб. Зо­што го сла­ви­ме Ја­не, кој со коњ вле­гол во Истан­бул да и по­мог­не на ре­во­лу­ци­ја­та што се кре­на­ла за да се спре­чи авто­но­ми­ја­та на Ма­ке­до­ни­ја. Или зо­што го сла­ви­ме Ка­рев, ама во исто вре­ме и лу­ѓе­то што го за­тво­ри­ја и уби­ја не­го­ви­от брат Ѓор­ги. Зо­што не­кои пр­во­бор­ци де­нес се уште кре­ва­ат ре­во­лу­ции во не­за­вис­на Ма­ке­до­ни­ја, а мол­чеа ко­га таа ста­ну­ва­ше дел од На­род­на Ју­гос­ла­ви­ја и ко­га ги за­тво­ра­ше и уби­ва­ше тие што беа про­тив тоа.

А не де­ка си­те ја са­ка­ат таа сли­ка од две бои, на­цр­та­на уште во 1945 го­ди­на. Има и та­кви што мис­лат де­ка на­ша­та при­каз­на е со тол­ку мно­гу ни­јан­си, што со де­неш­ни очи­ла те­шко мо­же да се ви­дат си­те бои на тоа вре­ме. Би­о­гра­фот на Го­це, Пе­ју Ја­во­ров, бил Бу­га­рин, не­кои ве­лат Ер­ме­нец, чо­век што на ко­ле­на сте­но­граф­ски ги за­пи­шу­вал де­та­ли­те од сво­и­те па­ту­ва­ња низ Ма­ке­до­ни­ја. Ни­за го­ди­ни по­доц­на, ко­га ос­ле­пел по­ра­ди ед­на не­среќна љу­бов и са­кал втор­пат да се оби­де да се са­мо­у­бие, бил под за­шти­та ток­му на не­го­ви­от при­ја­тел То­дор Але­ксан­дров. Во ар­хи­ви­те уште се чу­ва разг­лед­ни­ца­та што омра­зе­ни­от „крв­ник на ма­ке­дон­ски­от на­род“ ја ис­пра­тил до би­о­гра­фот на Дел­чев од Ун­га­ри­ја, во ко­ја му ве­ли де­ка „ова е зем­ја на уба­ви же­ни, во ко­ја со мал­ку па­ри мо­жат да се до­би­јат мно­гу за­до­волс­тва“.

Што се бит­ни ун­гар­ски­те уба­ви­ци за Ма­ке­до­ни­ја и за ули­ци­те во Скоп­је? Ни­мал­ку. Освен што да­ва­ат мож­ност да се сфа­ти де­ка си­те тие лу­ѓе го жи­ве­е­ле сво­е­то вре­ме и си­те тие има­ле свои доб­ле­сти, но и ма­а­ни, но сите тие с енаши, а не бугарски или грчки. Ка­ко што ед­на на­ша „ико­на“ од тоа вре­ме, чи­ја кни­га де­ца­та ја учат уште во ос­нов­но учи­ли­ште, во 1914 го­ди­на ба­ра­ла од Ру­си­ја да се об­но­ви сан­сте­фан­ска Бу­га­ри­ја. Но та­кво би­ло вре­ме­то. Што не ја ме­ну­ва ос­нов­на­та иде­ја де­ка си­те тие лу­ѓе во крај­на ли­ни­ја ги обе­ди­ну­ва­ло ед­на не­што – сло­бо­да­та на Ма­ке­до­ни­ја. Да им се спо­ри тоа де­нес од лу­ѓе што уште се кол­нат во Срем­ски­от фронт се чи­ни де­ка е мал­ку пре­те­ра­но.

Во спро­тив­но ќе тре­ба да го от­пи­ше­ме и Ѓор­че, оти ра­бо­тел во бу­гар­ско­то МВР ка­ко за­дол­жен за бе­гал­ци­те од Егеј­ска Ма­ке­до­ни­ја. Не сме­е­ме да му по­ста­ви­ме спо­ме­ник на Ча­ка­ла­ров, оти во Бал­кан­ски­те вој­ни но­сел бу­гар­ска уни­фор­ма, ка­ко што тоа би­ло слу­чај и со де­се­ти­ци ил­јад­ни­ци дру­ги Ма­ке­дон­ци. Ах, да, Ча­ка­ла­ров е од Ко­стур­ско, а тоа е во Гр­ци­ја, па ќе ги на­лу­ти­ме и Ати­на и Бри­сел и Ва­шин­гтон. А најм­но­гу не­кои нив­ни по­да­ни­ци во Скоп­је. За Го­це и да не збо­ру­ва­ме, оти тој, пак, на оној Гер­џи­ков од Одрин­ско, кое не­ма ни­ка­ква вр­ска со Ма­ке­до­ни­ја, му оста­вил ама­нет да ја зе­ме за же­на не­го­ва­та единс­тве­на љу­бов Јан­ка Ка­нев­че­ва до­кол­ку не­му му се слу­чи не­што. Пре­дав­ник, не­ли? Ка­ко тој чо­век по­ми­ну­ва кај пар­ти­ја­та што го ку­ди сво­јот екс­подм­ла­док оти пие ка­фе со вну­ци и со си­но­ви на вмров­ци, не е со­се­ма јас­но. Освен до­кол­ку не вле­гу­ва во ше­ма­та на ли­де­рот што пред не­ко­ја го­ди­на се фа­ле­ше де­ка не мо­же да стиг­не да ги су­ре­ди си­те же­ни во Ма­ке­до­ни­ја.

Од дру­га стра­на, мо­же­те ли да за­мис­ли­те де­ка Илин­ден­ско­то во­ста­ние ус­пе­а­ло, но де­ка пре­тсе­да­те­лот на таа хи­по­те­тич­ка Ма­ке­до­ни­ја ре­кол: не­за­вис­ност – да, ама са­мо ако не ус­пее обе­ди­ну­ва­ње­то со Бу­га­ри­ја. Та­ков бе­ше пла­нот на Гли­го­ров во оние де­но­ви од по­че­то­кот на де­ве­де­сет­ти­те го­ди­ни на ми­на­ти­от век за спас на Ју­гос­ла­ви­ја, зар не? Или мо­же­те да ги за­мис­ли­те ко­мит­ски­те че­ти на евен­ту­ал­но ос­ло­бо­де­ни­от би­тол­ски округ, со Пи­ту Гу­ли и со Ни­ко­ла Ка­рев и си­те дру­ги што са­ка­ат да одат на Со­лун, ама ра­ко­водс­тво­то тоа не им го доз­во­лу­ва за­што та­ка рек­ла Со­фи­ја? Тоа ра­ко­водс­тво би би­ло пре­дав­нич­ко, та­ка? А зо­што то­гаш оние што исто­то тоа го на­пра­ви­ја со вој­ни­ци­те од ка­сар­на­та на Ка­ле на 7 ја­ну­а­ри 1945 го­ди­на, и на­ме­сто на Со­лун ги пра­ти­ја на Срем, не се во исти­от кош? Да не збо­ру­ва­ме за тоа ка­ков трет­ман би има­ле оние ко­ми­ти што во ос­ло­бо­де­на­та Ма­ке­до­ни­ја од 1903 го­ди­на не би са­ка­ле да го поч­нат за­се­да­ва­ње­то на Со­бра­ни­е­то без да би­де ин­то­ни­ра­на бу­гар­ска­та или тур­ска­та хим­на, ка­ко што тоа го на­пра­ви СДСМ на кон­сти­ту­тив­на­та сед­ни­ца на Со­бра­ни­е­то на Ма­ке­до­ни­ја во ја­ну­а­ри 1991 го­ди­на со „Хеј Сло­ве­ни“.

И та­ка мо­же­ме да ре­ди­ме во не­дог­лед. Но се­то тоа не би би­ло тол­ку бит­но, да не има еден друг проб­лем. А тоа е де­ка на чел­ниш­тво­то на СДСМ, ка­ко што сто­јат ра­бо­ти­те, нај­мал­ку му е би­тен Але­ксан­дров. Ве­ќе утре ќе го за­бо­ра­ват, ако не­ма лу­ѓе што на не­го се „па­лат“ ка­ко да е ова вре­ме на ко­му­низ­мот и иде­о­ло­шки­те ди­фе­рен­ци­ја­ции ко­га се рас­пра­ва­ло без мно­гу фа­кти. И по­не­ко­гаш чо­ве­ка го фа­ќа жал што СДСМ та­ка ги упо­тре­бу­ва лу­ѓе­то, сме­тај­ќи де­ка нив­на­та зас­ле­пе­ност ќе да­де не­ка­ков ре­зул­тат. Тоа што со отво­ра­ње­то на ва­кви­те ди­ле­ми са­мо им се да­ва­ат по­да­ро­ци на Гр­ци­те со на­вод­на исто­ри­ска под­ло­га и со на­вод­но­то фал­си­фи­ку­ва­ње на исто­ри­ја­та што се­га го вр­шат „скоп­ја­ни­те“ е при­каз­на што ве­ќе сме ја рас­ка­жу­ва­ле. Но, се чи­ни, не е ло­шо од­вре­ме-на­вре­ме да се по­вто­ру­ва.