Не случајно денеска треба да „трчаме“ по становите на Иванов. На денот кога се изречени 211 години затвор. Не случајно и Мерко „денеска купил“ мерцедес. Не случајно денеска… Патем, не знам што токму денеска ќе има за ручек Крсто Мукоски, некое прасе можеби. Но, портирот на вратите од Собранието можеби пости. Како голем верник. Ќе го остави прасето за после Велигден. Нему и на тие како него, од едната и од другата страна, вино ќе им се носи во шапката на Рускоска. На која ќе се додаде натпис – „тендер е тендер“, сеедно дали го добиваш од ВМРО или СДСМ. Пари се пари, сеедно дали се од Народна банка на РМ или од НБ на РСМ.
Тука некаде со овие 211 години е крајот на приказната со Македонија. Доколку на оваа пресуда се нема одговор. Мирен, се разбира (ова „мирен“, почна да станува дебилна фраза која мора да се изговори, како што секој кој зборува за Албанците мора да додаде дека има пријатели меѓу нив, но кога станува збор за оваа банда на власт, фразата не треба да чуди). Зашто разбирам дека власта во меѓувреме треба да „лапа“ пари, да тера бизнис, потоа дека секој килав мајмун во оваа држава кој седнал во ваква или онаква фотелја треба да најде швалерка, па потоа ние да ја плаќаме, зашто инаку шутракот не може да погоди ни отвор од шише со јогурт, разбирам дека треба да се сварат и изедените бизони, минати и сегашни, дека треба да се проба душекот во некој хотел од 1000 евра за ноќ, дека треба да се купи и „прада“ и да се прошета наоколу, зашто ако никој не ја види, како да ја немаш, разбирам дека треба да се изградат или купат и палати и згради и вили и хациенди, да се плати рекет со тоа што претходно било украдено, а при тоа нешто и да се зачува, разбирам и дека обичните просечни ајванчиња кои не спаѓаат во ниту една од овие групи, туку во групата „просечни граѓани“ на оваа држава, ќе си ја соберат душичката и ќе си кажат „јас подобро да молчам“, но ова го надминува сето тоа. Зашто „тероризмот“ како квалифакција не смееше да опстои до крај на овој случај. А оваа пресуда е крајот, иако е првостепена.
И не е веќе битно кој што сторил на 27 април, уште помалку се битни недоветните изјави дека сите сме биле за правда, во услови кога со таа правда се тргува како што тргуваат курвите во излог. Квалификацијата „тероризам“ не смееше да опстои бидејќи во тоа што е сторено на 27-ми и тоа што пишува во Кривичниот законик кој стана обична менструална влошка, нема ама ниту едно поклопување.
Бадијала е сега да глумам умност и да ги објаснувам трите елементи на делото, а ниту еден од нив го нема на 27-ми. Бадијала е бидејќи не вреди. Како што не вреди на атеист да му објаснуваш за Бога и Библијата или на фундаменталист да му аргументираш дека тој сепак, можеби и не е таков каков што ни е претставен.
На ова што се случува мора да се одговори. Не на удбашки начин со „свекрви“ кои освен што врскаат дека нешто прават и го креваат притисокот на сите околу нив, не прават ништо полезно. Ниту со силење по твитери и фејсбуци и слични играрии. Во основа, сето тоа е во ред, но ова е малку посериозно од тоа. „Малку посериозно?“. Не, многу, многу посериозно. Зашто ако некому му требаше печат на документот дека Македонија не постои, тој печат нема да го најде во документите на кои пишува Северна, ниту во сменетиот Устав, во уцените со кои е дојдено до тоа, во Катица Јанева, во Заев… и да не ги редам сега сите кои секој ден ни извираат од секој агол на домот. Печатотот ќе го најдете во оваа пресуда. Која беше потребна токму за да се дојде до сменетиот Устав, до ништењето на правото, до медиумската катастрофа, до невидената подопашаност не само на курвучињата купени одамна од сегашната власт, туку и на оние кои до вчера им се лигавеа на Грујо и Сашо за да ги товат нивните сметки тврдејќи дека се Христо Узунов. Последниов да може да стане, веројатно по втор пат би се самоубил.
И затоа што овој печат и оваа пресуда ја оцртуваат и насоката во која политички ќе се движи Македонија, вклучувајќи ги тука и изборите. И за да се види тоа, не се потребни посебни очила со рамка од неколу илјади евра и диоптер одреден на Клиника на преглед за кој е платена само партиципација, колку нешто барем нешто да се заштеди за сметка на рамката.
Сето тоа може да се спречи. Не треба да се чека никаква жалба и слични глупости. Бидејќи оваа пресуда не е само за осудените, иако секој од нас кој не е директно засегнат, ни одблиску не може да знае како е да си во нивна кожа, сеедно кој од нив што сторил или не сторил. Ова е наместена пресуда која ја погодува најмалку половина Македонија, иако на референдумот видовме дека станува збор барем за две третини. И разрешницата на ова може да почне ако барем со она малку ум што ни е останат, а кој не сконцентриран кон „лапање“ сфативме што порачува Дурловски во првата негова реакција по пресудата: „Кога слободата е ропство, а среќата тага!“.
Ах, да, и да биде на јасно и дека се знае и кој „пеел“ и кој ја намести целава оваа работа уште пред две години вклучувајќи ги и подготовките.
Се разбира, многумина ќе прашаат на кој начин тоа да се изведе, кој е одговорот за кој зборувам. На тие многумина ќе им кажам дека само некој ред погоре на ова писание стои: „А со она малку ум што ни е останат…!“ Од тоа впрочем ќе зависи дали сме луѓе или животни кои единствено нешто за што постојат е да јадат (наш животен дострел е тоа да биде во кафеана) и да се парат.
Но, тоа, не менува ништо од потребата да се изјасниме дали сме луѓе или она другото…