Дарко ЈАНЕВСКИ

Соочени со срамниот колапс на СЈО, иако за волја на вистината срамот беше од почетокот на неговото постоење (и од оние малоумни филмови за Чарлиевите ангели), комуњарите, нивните „експерти“ и загари по медиумите тргнаа во акцијата „Спасувај што може да се спаси“. Една од целите на акцијата беше да се спаси непостојниот углед на сите тие кои му даваа поддршка на неуставниот монструм вреден четири милиони државни евра годишно, па почна да се промовира тезата дека СЈО морало да биде формирано заради нефункционалноста и пасивноста на редовното ЈО во тоа време.

Арно ама, од формирањето на СЈО се поминати само четири години, па сеќавањата на тоа време се прилично свежи. Патем, лесно се достапни и документите од тоа време, па уште полесно може да побие оваа страотно срамна лага на спомената тајфа.

Имено, СЈО не беше формирано зашто ЈО не функционираше, туку затоа што тоа требаше да ја почне работата врз основа на нелегални снимки, односно нелегално прибрани докази.

И тука беше проблемот. Во оваа држава, наспроти шарлатанизмот кој се форсира овие години и хаосот што вледеше во тие години, сепак постои Закон за кривична постапка и член 12 (два става) во тој Закон кој вели дека „доказите прибавени на незаконит начин или со кршење на слободите и правата утврдени со Уставот на РМ, законите и меѓународните договори, како и доказите произлезени од нив, не можат да се користат и врз нив не може да се заснова судската одлука“.

Значи, ЗКП, кој е системски закон, кој е „алфа и омега“ на гонењето на сторители на кривични дела, не дозволува да се користат:

  1. Докази прибавени на незаконит начин (со незаконско прислушување во овој случај);
  2. Со кршење на слободите и правата утврдени со Уставот на РМ (секој граѓанин на оваа држава има право да биде заштитен од вакво незаконито постапување како прислушувањето без судски налог, а не обратно, да не зборуваме за тоа што се прекршени дузина членови од Уставот во врска со слободите);
  3. Од така прибавените докази, неуставни и незаконски се и доказите изведени врз нивна основа;
  4. И врз основа на незаконски прибавените докази и доказите изведени од нив, не може да се заснова судска одлука!

Тоа беше причината поради која нелегалните снимки не можеа да се внесат во системот и со нив да се занимава редовното ЈО (тоа го прифатија дури и шефовите на Пржинските преговори). Затоа и беше измислен овој неуставен систем наречен СЈО, чија неуставност, не сакајќи, ја констатира и самиот Љубомир Јовески пред некој ден.

Проблемот со неговата неуставност беше решен со уште една неуставност – Уставниот суд беше подложен на страшен странски и домашен притисок, во кој учествуваа и овие т.н. експерти, да не го поништува Законот за СЈО. Сето тоа под назнаката „криминалите на ВМРО“, што беше јадица за домашната јавност која и онака слабо капира вакви ујдурми, а со вистинска цел: инсталирање на квислиншка власт која ќе го смени името на државата и идентитетот на Македонците.

Да беше поинаку, немаше да има никаков проблем да биде сменет Марко Зврлевски, ако веќе тој беше пречка, како што ќе немаше проблем истото тоа ЈО да ги гони сторителите на кривични дела, кога веќе постоеше таков притисок од странците. Но, член 12 од ЗКП, достигнување на современата цивилизација, беше пресуден да не биде сторено тоа и да се најдат некои креатури кои не разбираат многу од Устав и закони, а кои поради четирите милиони (сега гледаме дека биле многу повеќе) ќе влезат во антиуставната авантура со СЈО.

Инаку, ако тој систем на користење на нелегални доакзи се внесеше во уставното ЈО на РМ (ако што се прави сега), тогаш ќе се вратевме во средниот век (иако и сега сме блиску до таму). Попластично објаснето, тоа ќе значеше дека во таква ситуација немаше да има никаква пречка МВР да му удри добар ќотек на било кој за кого не може поинаку да докаже дека сторил нешто лошо и тој ќе признае какво што сакате дело. Па дури и атентатот на Глигоров. Оправдание? Па јавен интерес е да се најдат сторителите на кривични дела, зар не? Јавен интерес е да се најде атентаторот на Глигоров. Излегуваш на улица, МВР те апси, после десетина пендарци, веќе си виновен за бомбата кај Бристол хотелот на 3 октомври 1995 година.

Нема никаква пречка, ако недостигаат други докази, да се претепаат првите двајца кои некој инспектор ќе ги најде на улица, и тие ќе се потпишат дека биле сведоци кога осомничениот го довел автомобилот со бомбата или извршил било какво друго кривично дело (сето забрането со став 1 на истиот 12-ти член, но ако го кршите став 2 со нелегалните снимки, зошто не и став 1, нели – и едното и другото се незаконски прибавени докази).

Во крајна линија, кога ќе се тргне по тој пат, зошто да не се отиде уште понатаму: зошто да се мачи државата, да троши пари и обвинителот да докажува нечија вина (поради презумпцијата на невиност), кога може обвинетиот да ја докажува својата невиност? Како? Па еве, нека оди по жарчиња. Ако не се испече, значи е невин, ако табаните му изгорат – виновен е и завршена работа. Ама тоа е забреното со член 2 од ЗКП! Да, ама и ова другово е забрането со член 12 од ЗКП, па што?

За да се спречи тоа, за да не дозволи до тој степен урнисување на Македонија, значи за да се спречи еден преседан (нелегалните снимки) да стане правило, а за да може сепак да се смени власта и со тоа името и идентитетот на Македонците (ако ви е полесно, нека биде за да се гонат криминалите на ВМРО), беше измислен неуставниот Закон за СЈО. Тој постои затоа што постоеја нелгеалните снимки. Впрочем, дека тоа е така, говори и образложението на Предлогот Законот за СЈО, поднесен  на 15 септември 2015 година од Илија Димовски, Талат Џафери, Горан Сугарески и Имер Алиу.

Во целите што треба да се постигнат со тој Закон (глава втора од Предлогот), стои:

„Целта на предложениот закон е целосно да го уреди прашањето за гонење на кривичните дела поврзани и кои произлегуваат од содржината на неовластено следење на комуникациите“.

Во главата од Предлог законот која ги објаснува „последиците“ кои ќе произлезат од донесување на Законот за СЈО стои дека тој се носи поради потребата од:

„Ефикасно и законито извршување на функцијата Јавно обвинителство за гонење на кривични дела поврзани и кои произлегуваат од содржината на незаконското следење на комуникациите“ (забележувате, не е употребена формулацијата „уставно и законито“, туку само „законито извршување….“).

Како што можете сами да видите, основна цел поради која е донесен овој закон е да ги гони кривичните дела во врска со нелегалните снимки и ништо повеќе. Впрочем, Законот го носи Собранието на РМ. Па зар не ќе беше полесно тоа Собрание да го смени Зврлевски ако тој беше проблем?

Толку околу тезата дека неуставниот Закон за СЈО бил донесен поради нефункционалноста на редовното ЈО. Но, треба да се разберат овие „попарени“ комуњари, „шарените“ и т.н. „експерти“. Сите тие, на овој или оној начин всушност се соучесници во криминалот со СЈО, и сега бараат начин како да излезат од наполнетата јама.

Патем, во тоа Обвинителство на Зврлевски, беа и сегашниот ЈО на РМ, Љубомир Јовески, таму беше и Вилма Рускоска (нели Заев кога тврдеше каков „експерт“ е таа, велеше дека на времето и тој имал проблем со неа), потоа Спасоска која се откажа од Монструм, а е присутна на прес конференциите кои го држат Јовески и Рускоска. Кој ним им бранел да гонат криминал, па морало да се формира СЈО? Марко Зврлевски? Ајде, овие т.н. експерти, па и самите обвинители, нека извадат еден случај кој овие професионалци го покренале во тоа време, а Зврлевски ги спречил.

Истовремено, во тоа Обвинителство кое го раководеше Зврлевски беа и Лиле Стефанова од СЈО, Елизабета Јосифовска од СЈО, потоа комедијантите од типот на Фатиме Фетаи и другите. Сите тие беа обвинители. И сите нив Зврлевски ги држел на узда?

Се разбира, далеку од тоа дека тоа ЈО функционираше идеално, дека било кое ЈО на РМ во изминатите 29 години функционирало непартиски или ако сакате и некоруптивно, макар во пасивна и индиректна смисла (сетете се на молкот на ЈО во време на приватизацијата, маките со ТАТ итн), но, од друга страна, дури ни во време на Александар Прчевски кој велеше „јас сум последниот будала…“, а посебно за време на Шврговски и Зврлевски, нема снимка (иако била снимана цела држава) во улога во која ја видовме Катица и во која се наоѓа Заев.

Значи, уште еднаш, и Јовески, и Рускоска и Спасоска и сите други Зврлевски ги држел на узда па морало да се формира СЈО (па какви обвинители се тогаш, кога не го гонат и тој што ги спречува да гонат)? Се разбира не. Настрана што за некои од нив токму партиските штабови на ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ фаќале врски воопшто да станат обвинители. Оттука, јасно е дека проблемот поради кој беше формирано СЈО не беше редовното ЈО, туку фактот што станува збор за нелегални снимки и докази, за една операција која требаше да доведе до Северна Македонија и Северномакедонци (тоа сме сега, нели, како што не поучи она човече од скопскиот Правен пред некој ден), а при тоа, при таа операција, сепак да не се изгнаси редовното ЈО со прекршување на член 12 и да се остави простор, еден ден, можеби сето тоа со СЈО да биде укинато или поништено. Тогаш, кога поништувањето или укинувањето ќе нема значење.

Е сега, тоа што подоцна се најдоа судии кои не мораа да почитуваат Законот за СЈО и не мораа да го прекршуваат членот 12 од ЗКП, а тие сепак тоа го сторија заради фамозниот „јавен интерес“ е друга приказна, бидејќи тоа само по себе е надрилекарство од најлош вид. Имено, законите постојат за да се заштити јавниот интерес. Законот за кривична постапка и во тие рамки и член 12 постои за да се заштити јавниот интерес. Тој е врв во заштитата на јавниот интерес. Над законите и над ЗКП постои Уставот, кој заради „Северна“ и „Северномакедонци“ беше игнориран, токму за да ги гарантира слободите и правата на човекот и граѓанинот на РМ, и тоа е основниот јавен интерес. Не постои друг јавен интерес.

Кај нас, работата се сврте обратно, па гонењето со нелегални снимки стана поважно. Сега, четири години подоцна, кога Катица и цела таа компанија повторно ја превртеа работата на тил, на „попарените експерти“ не им остана ништо друго освен да се сведат на нивото на пропагандист на комуњарите од типот на Костадин Костадинов кој би рекол дека целата вина повторно е во анти НАТО и анти ЕУ силите на Грујо и Мицко и дека поради тоа тие се бунат за преземање на предметите од страна на ЈО.

А поентата е дека за такво нешто не постои ни уставен, ни законски основ. Вклучувајќи го тука и ставот 5 од член 6 на Законот за СЈО чија смисла нема врска со ова, ама тоа можеби и Манулач би го сфатил, овие комуњари и „експерти“ – јок!

Е, последно што им остана е дека ако не не се согласуваш со преземање на предметите со нелегалните снимки од страна ЈО, го браниш криминалот на ВМРО. Тоа е истиот тој криминал од кој тие, вакви неспособни какви што се, го најдоа само „мерцедесот“ во кој се возат и Меркел и Меј и кој уште не.

А патем, ВМРО им понуди решение и за тоа: што било-било, затворете го случајот со СЈО ако сте решиле, а потоа, никој не им брани на Јовески, Рускоска, Спасоска… по допрен глас или на било кој начин кој ќе го изнајдат, да ги гонат „криминалите“ во сите тие предмети на СЈО. Така, формално ќе беше задоволен Законот за СЈО, иако ќе останеше контаминацијата на ЈО со предметите за кои е поднесено обвинение, но и тоа лесно се решаваше. Но битно беше да се зачува Обвинителството на Јовески, какво и да е тоа, надвор од средниот век и надвор од снимките. А ќе беше задоволен и поривот на оние кои се опседнати со ВМРО од времето на Груевски, иако, ене им ги оние против кои врескаа по улиците, а само затоа што се согласија со излегување на референдумот на Заев и со „Северна“ како шетаат и се курчат пред нос на „шарените“ од „нема правда, нема мир“ со нивните милиони.

Така пак доаѓаме до поентата. Ако целта со СЈО беше „Северна“ и „Северномакедонци“, но барем зачувување на редовното ЈО надвор од одењето по жарчиња и газењето на член 12, тогаш која е целта со поништувањето на сето тоа? Во текнува нели? А, ако ЈО не може да го гони криминалите со кои ја палат јавноста без нелегалните снимки од СЈО, тогаш, верувајте дека нема да ги гони, поради неспосбност, поради алаш-вериш варијанти или поради политика и со тие снимки, па тамам десет пати да ги преземе предметите од СЈО.

Патем, ВМРО-ДПМНЕ ги чека шарлатаните на првата кривина. Во ред, нека важат снимките, но тогаш важат и тие што „можеби“ и ВМРО ги има за актуелната власт. Во ред е? Е, не било во ред. Важеле снимките само кога се против ВМРО. Ај сега, мери им умот!