Откако политичко салто направија повеќемина истакнати борци од тн. шарена револуција, и приврзаници на актуелната власт, меѓу кои професори, адвокати, новинари… сега тоа го стори и поранешниот пратеник и министер Павле Трајанов, кој е и лидер на вонпарламентарниот Демократски сојуз.

– Аферата Рекет само ги потврди сомневањата дека првиот човек на СЈО е носител на криминални активности во кои се вклучени и многу други, вклучително и бизнисмени, политичари, новинари, судии итн.- објави Трајанов на Фејсбук.

Трајанов беше огнен поддржувач на СЈО и доаѓањето на СДСМ со Зоран Заев на власт, но сега ја сврте плочата. Тоа не е ништо ново, ако се знае дека Трајанов повеќепати досега ја „менувал страната“.

Ова последно политичко салто наиде на коментари на социјалните мрежи, а еден од нив е и следниов:

– Предвесникот на промена на власта!- гласи коментарот на Твитер од корисникот со псевдоним Маче.