Ако некој мислеше дека подоле од ова ниво на кое сме сега, не можеме, предистражната постапка која Обвинителство ја отворило по повод некакви си анонимни кривични пријави против претседателот Иванов, покажува дека она „никогаш не вели никогаш“ е безмалку на ниво на нашите поговорки. Или со други зборови, ние како држава уште не сме го допреле дното кое последни го допреа оние осуммина пратеници од опозицијата, просветлени од Бога во изминатите денови да му служат на народот и да го крштеваат наново со света вода, наспроти средниот прст што тој на 30-ти септември им го покажа.

Да не се лажеме, секој портир во обвинителствто, не пак обвинител, знае дека основ за било какав постапка, макар таа била и предистражна – нема. Иванов и било кој на негово место, има имунитет. Тој имунетет не го штити од кривични дела, на пример, убиство, но овде станува збор за тоа дека тој не ги потпишал указите за Законот за јазиците и за Договорот со Грција. Значи станува збор за потпишување односно непотпишување укази, а тоа спаѓа во делокруг на неговите надлежности, отприлика исто како и гласањето во Собранието на пратениците. А тоа, ниту едно обвинителство нема надлежност да го оценува. Дали Иванов потпишал или не, тоа не е работа на обвинителството и тука требало да заврши целата приказната со „анонимните“ пријави. Дадени веројатно по телефон, нели. Оној црвениот, на „независната“ Телма.

Уште повеќе што според ЗКП обвинителот нема да поведе ни предистражна постапка „ако од пријавата произлегува дека постојат околности кои го исклучуваат гонењето“ (член 288), а во овој случај се работи токму за тоа. Инаку замислете што би било кога за секоја пријава обвинителството би собирало известувања, посебно за оние кои се помалку издржани дури и од тврдењето на Заев дека Господ го црпнал од нива.

А дали тоа што го направил Иванов е во ред или не, односно дали е во ред неставањето потписи на двата укази, е работа исклучиво на Уставниот суд. Да преведеме и на македонски јазик – тоа е работа на Уставниот суд. Не на обвинителството, не на Собранието кое може да поведе постапка за импичмент (ете, Заев има 80 ајвани во џебот), туку на Судот. Зошто? Затоа што Уставниот суд е единствен орган во оваа држава кој може да оцени дали вршењето на надлежностите од страна на претседателот на РМ е во рамки на Уставот или не. Така било и со Глигоров, и со Трајковски и со Црвенковски. Како што не може пратеник да биде гонет затоа што гласал „за“ или „против“ срамниот предавничкид договор со Грција, не може ни Иванов да биде гонет заради непотпишувањето на указите.

Разно-разни правни шарлатани, посебно новинарските ав-ав кученца на Заев, можат да се повикуваат на тоа дека според Уставот тој е должен да го потпише указот по второто гласање во Собранието. Добро. Но ајде да претпоставиме дека Собранието изгласало дека од утре Република Македонија престанува да постои и дека западниот дел на Македонија, до линијата на Доста Димовска и ВМРО на Љупченце која минува кај Групчин, се приклучува кон Албанија, а останатиот дел кон Бугарија. Нема референдум, нема ништо, освен 80 или ете, нека бидат и 120 гласови. Дали преседателот на државата е должен тоа да го потпише?

Второ, нема рок во кој тој треба да се произнесе по второто гласање на некој пропис во Собранието. Има рок од седум дена за изјаснување по првото гласање, но не и по второто . Се разбира, може да примените аналогија, што би значело дека ако рокот од седум дена е пропишан за изјаснување по првото гласање, тогаш тој рок би требало да важи и за второто гласање, но аналогија си е аналогија. Таа сама по себе е своевидно толкување и обид да се пополни некаква си празнина. Но таа не е пропис, таа не создава обврска, посебно не таква која ќе му одредува на претседателот на државата како да се однесува во вршењето на својата должност.

Овој случај меѓутоа покажува дека актуелната хунта нема граници во своето дивјачко однесување кон државата и дека таа нема да запре. Таа е безгранична во своите глупости. Таа е вселена. Нема почеток и нема крај. Таа личи на пијандура кој повраќа од што му се лоши од пиење, а бара уште да му ставаат со инка во слободниот дел од крајот на устата кој не е зафатен со повраќаниците. Ваков срам, тешко дека некој друг има преживеано.

Патем, може сега комотно да дојде оној Прибе и да се слика со неговиот извештај, а со отворената предистражна постапка против  Иванов можат да застанат и да се сликаат сите оние странци кои нешто дрвеа за правна држава во изминатите години. Би било пожелно да им се даде и по една урамена копија од актите за предистражната постапка против Иванов, почнувајќи од белгискиот мачкар па нагоре, за да има вечен доказ за нивната глупавост со која ја уриваат Македонија, но и со која, на од нив саканите Руси, им даваат уште еден доказ против нив самите, кој тие, утре-задутре, ако им се пружи прилика, сигурно ќего искористат во нивна полза. Како што Косово го искористија за Крим. Но, знаете како се вели, има луѓе на кои можеш да им земеш, но не и да им дадеш.

Со ова хунтата всушност одново покажува сила. Демек, ако можат да го гонат Иванов, што останува за другите, посебно за оние осуммина кутри и изнамачени души кои во Собранието го пополнија бројот до 80 на комуњарите. Ако гонат за пишување на ФБ, што останува за другото? Ако го затвораат Груевски за мерцедесот, да не зборуваме за друго, нели. Ако го избраа Талат Џафери на сила, ако ги повикуваа уставните судии пред гласањето за седницата за референдумот, ако го осудија дедото на четири години, ако благодарение на Заев, Мукоски и компанијата вчера ја „оладија“ Кацарска покажувајќи и кој е главен во судството во Македонија, на што таа како обичен извршител може само да подголтнува, ако ги полнеа кутиите на референдумот на кој само бојкотот спречи да „победат“ (изложувајќи ја така на срам дури и една Меркел), ако… тогаш, што останува за вас. Нели? Затоа молчете, гледајте турски серии и задруги и не мрчете многу. И можете од време на време да пишете на фејсбук дека Македонија е вечна, ама не досадувајте премногу и со тоа.