Гледајќи го Заев како без око да му трепне ја фрла последната лопата и ѝ става крст на Македонија и на сѐ македонско не може, а човек да не се запраша за колку червени?! За колку червени се продава дедовината? За колку червени се продава историјата? За колку червени се откажува од Гоце Делчев, нашиот деец кој имал јасна визија и се борел за независна Македонија?За колку червени се откажува од химната? А бе за колку червени се откажува од Македонија?!Нема зборови за да се опише гневот, чемерот и јадот кој што го чувствуваат Македонците после изјавите на нашиот ни Премиер. Но, исто така нема зборови да се опише гневот и кон оние негови послушници и релативизатори кои за малку червени нѐ убедуваат дека сѐ е оправдано кога станува збор за нашата европерспектива и дека не ни треба историја за да имаме иднина. Кон оние што ќутат и што како ноеви ја закопале својата глава во песок и чекаат и ова да помине, во себе молејќи се да им простат претците чии животи згаснале борејќи се за ова парче земја.Од нас зависи дали ќе го оправдаме писанието на нашиот великан Петре М. Андреевски кој пишувајќи за неуништливоста на македонскиот народ вели „Племето наше е пиреј и не го ништи ни една војска! Ама ти колку сакаш кошкај ја, корни ја, куби ја, таа пак не умира. Само малку да се допре до земјата и пак ќе оживи,ќе потера. Ништо не ја ништи таа трева!“ Или ќе го оправдаме синдромот на самоуништување кој наместо да избледнува е сѐ поприсутен кај македонскиот народ.Секоја генерација си има своја битка, а ова сега е битка на нашата генерација. Од нас зависи дали ќе го одмолчиме предвството кое го прави Заев, никој од надвор не може да ни наштети повеќе од она што самите ние можеме да си наштетиме. Мораме да покажеме дека жртвата на нашите предци не била залудна, дека сонот кој го сонувале за независна Македонија во кој живее македонски народ со свој јазик и култура не бил само сон туку е реалност. Дека не сме дрво без корен, дека сме постоеле и ќе постоиме.Време е да се разбудиме и да се бориме за да имаме што да оставиме на нашите деца.

Мартина Басарова