Бев директен сведок!
Да, завчера, 17. 06. 2018, пред Собранието на РМ имаше тензија, имаше и попуштени нерви! Имаше и ОГРОМНО незадоволство од начинот како се дојде до капитуланскиот договор Заев – Ципрас, а особено имаше незадоволство од понижувачката содржина на самиот договорот и огромниот број на казнени одредби против македонскиот народ и држава!

Луѓе!
Па завчера Македонците и Република Македонија доживеаа такво понижување и КРШЕЊЕ НА ДОСТОИНСТВОТО што не може да се изрази ниту со зборови ниту со бројки.
Па, кај други народи и во други држави за помали нешта избувнуваат сенародни протести, сеопшта граѓанска непослушност и тотално блокирање на државата!

Да, вчера имаше тензија, имаше и провокација кон полицијата од поединци, но од ПОЕДИНЦИ со попуштени нерви или со проблематична мотивација! Времето ќе покаже!
Но 99, 9% од учесниците на протестот, навистина, беа нервозни и незадоволни, но МИРНИ! Својата нервоза и незадоволство ја олеснуваа со своите пријатели и познаници со разговор, со песна, со болен крик силно извикан и се така до моментот кога специјалната полиција започна без никакво претходно предупредување, без никаква сериозна причина да фрла солзавец и шок бомби помеѓу насобраниот народ. А тој народ во најголем процент беше составен од повозрани луѓе, од родители со деца, од домаќини луѓе, од јавни личности, професори, политичари…
И не само што брутално и со употреба на преголема сила го разбија протесниот собир, туку тргнаа кон луѓето кои бегаа кон Градскиот трговски центар за малку воздух, тргнаа како „ловци по плен“, тргнаа непрестано фрлајќи солзавец и шок бомби без да внимаваат каде истите ќе паднат! Во тој „лов по плен“ настрадаа и луѓе кои онака случајно се најдоа во Жена парк или ГТЦ!

Бев директен сведок на овој ужасен и срамен терор! Медиумите можат, вака или онака да пренесуваат, но, кога со свои очи ќе видиш, е тука нема место за манипулација и пропаганда. Беше СРАМНО, но и ОТРЕЗНУВАЧКО!
Сите Македонци, како во државата, така и во туѓина, сите одговорни граѓани на РМ, сите луѓе со добра волја нека видат на што е подготвена предавничката влада на КАЗНЕНО ЕКСПЕРИМЕНТАЛНИОТ ПРОТЕКТОРАТ со работно име „Република Северна Македонија“!

Да, многу често од љубов и грижа знам да го критикувам својот народ, но вчера мојот МАКЕДОНСКИ НАРОД ми влеа сила и надеж дека не е со СКРШЕНА КИЧМА. Има тој и сила и ДОСТИНСТВО во себе!

Нема да допуштиме повеќе некој да не омаловажува, обезвреднува, разделува, понижува, лаже и уништува!
Нема да допуштиме на кормилото на нашата татковина да доаѓаат повеќе политички профитери, искомлексирани личности, манипуланти, криминалци, ПРЕДАВНИЦИ…
ВЧЕРА МАКЕДОНИЈА ДОКАЖА ДЕКА МОЖЕ, А И МОРА ДА СЕ БОРИ ЗА СЕБЕ!

Бог, ОНОЈ кој ја има полнотата на моќта, да благослови и нашиот македонски народ, но и народите на нашите соседни држави да разберат дека ние МОРА да живееме ЗАЕДНО, но со ВЗАЕМНА ПОЧИТ и РАЗБИРАЊЕ! Мора така, зашто нема друг начин! ИЛИ ќе бидеме со Бога или Злиот, преку своите слуги, ќе не земе под свое за тотално да не уништи и понижи!

Ваш во Христа и во љубовта кон Македонија и Балканското единство – презвитер Ивица Тодоров