Стоејќи на крстопат со мисла каде понатаму? Гледаш како пред твои очи ти ја предаваат и продаваат татковината, дедовината… Чувствуваш како те омаловажуваат и понижуваат и при очи те прават слеп, а при ум те прават будала!

Ти се собира гнев што 27 години македонските политичари се покажаа недораснати за одговорноста што ја преземаа. Со години ги критикуваме, говоревме за нивните очигледни недостатоци за на крај да ни дојде политичар, сегашниот премиер, за кого сите умни луѓе замолкнуваат, се удираат со рака по глава и велат дека за него нема што да се каже зашто ТОЈ Е само ЛАГА НА ДВЕ НОЗЕ, и ништо повеќе.

Која политичка еволуција, од лошо кон полошо! Порано го избиравме ПОМАЛОТО ЗЛО, за на крај да ни остане само ЗЛОТО. Со години политичките елити шират пропаганда за розевата приказна наречена НАТО и ЕУ, а скоро никој не ни кажа дека ако сакаме добро да живееме треба самите да си го средиме СВОЈОТ ДОМ, а не да очекуваме некој да не „среди“, но за себе и своите интереси.

Нашите интереси ЌЕ БИДАТ НАШИ, ако и нашиот ДОМ е наш, а ќе биде НАШ ако е СИЛЕН, та тогаш и ние како народ ќе бидеме и СИЛНИ и ПОЧИТУВАНИ.

И да сме во НАТО и во ЕУ, ако ние не сме си го средиле својот заеднички ДОМ, Република Македонија, а и не сме го очистиле од корупција, партизација, клиентелизам, криминал, простотија, примитивност, шуплив популизам…
Ако не се ослободиме од менталниот склоп на мижитурка и амеба, ништо не можеме да постигнеме, зашто никој нема да не почитува, додека самите НЕ НАУЧИМЕ да се почитуваме.

Длабоко сум сигурен во тоа дека е во тек еден процес кој требаше да се случи многу порано, но изгледа сега му дојде времето.

Во тек е процес преку кој МАКЕДОНЕЦОТ излегува од својата недозреана, од својата детска неодговорна фаза и завлегува во ЗРЕЛА, возрасна, одговорна, домаќинска фаза на своето заедничко постоење.
ВО ТЕК Е ПРОЦЕС НА СЕМАКЕДОНСКО СОЗРЕВАЊЕ, ОБЕДИНУВАЊЕ И ОРГАНИЗИРАЊЕ.
ВО ТЕК Е ПРОЦЕС ВО кој Македонецот разбра дека мора да биде МАКЕДОНИЈА за да остане Македонец, за да остане домаќин, а не потстанар и скитник по светот.

Во тек е процес преку кој Севишниот, Господарот на постоењето, повторно ни благословува со созреани потенцијали да влеземе во историската сцена на човештвото.

ТЕШКИ, но и благословени и одговорни времиња!
Времиња во и со кои се созрева, но и се стекнува правото да се биде НАРОД со визија, вредности, смисла и ПОЧИТ.
Времиња во кои се потребни водачи исполнети и со интелигенција и со морал и со духовност и со рационалност и со храброст и со РЕШИТЕЛНОСТ и со РЕАЛНОСТ, во исто време.
ВРЕМЕ НА ЗРЕЕЊЕ за навистина да бидеме НАРОД.
Бог, ТОЈ што Е, Вечниот, да благослови и да не води за да бидеме НЕГОВИ!

Презвитер Ивица Тодоров