Комуњарската банда почна со својата пропаганда со цел да изврши притисок врз претседателот Иванов за потпис на Указот за прогласување на предавничкиот Закон за ратификација на договорот со Грција или евентуално Законот да биде објавен во Службениот весник без негов потпис. Се растрчаа комуњарчињата да наоѓаат некакви си експерти по уставно право и бивши судии на Уставниот суд кои, види ти умни момчиња, тврдат дека Законот можел да помине и без потпис од Иванов. Трендафил Ивановски, кој се најде на списокот на Комисијата за лустрација, вели и дека Иванов го кршел Уставот и затоа никој не бил должен да го почитува тоа што законот за ратификација на капитулацијата немал негов потпис.

Не е тајна дека Македонија е со половина нога кога е во прашање Уставот, но од друга страна, се си има своја постапка. Некој си Темелко Ристевски, демек уставен експерт, да му се заканува на претседателот дека „ќе одговара еден ден пред законот“ и да го охрабрува Талат Џафери, кој пак е познат како врвен почитувач на правото во РМ, зар не, да го испрати Законот за обајвување без потпис од претседателот на државата или тој истиот Ивановски да каже дека „потписот на Иванов е формален акт кој не може да го спречи договорот меѓу Македонија и Грција“ е срамно правно мислење кое всушност со правото нема врска.

Сепак, се се чини дека некој навистина ќе одговара пред законот, пред се оние кои ќе се осмелат да подготват и испратат документи за објавување на договорот во Службен весник, оној кој го дозволил тоа, како и оние кои го поттиканле таквиот криминален акт на кршење на Устав. Истиот тој Устав на кој се повикуваат овие соговорници на комуњарските загарчиња вели дека законите се објавуваат во Службен весник пред да стапат во сила, а за да се објават мора да има потпис од претседателот на указот за нивно прогласување. Толку.

А, на тие што сметаат дека Иванов со непотпишување го крши Уставот, самиот претседател им порача: „Поведете постапка за импичмент!“. Тоа би било процедура, иако и натаму сме држава во која нема право, и во која правото е заменето со муртинизам, искубани кокошки и некаков си шарм на државна сметка кој е толку успешен што успеавме се да дадеме на тацна на Грција. До тука ни бил умот.

Инаку, најдете еден збор од овие луѓе, на пример, за уставноста за изборот на Талат Џафери. Тешко. За СЈО. Тешко. За уставноста и законитоста на парламентарните и локалните избори. За уцените врз Македонија, за уцените врз политичари, бизнисмени, за елиминирањето на новинари од јавниот живот на РМ. Уште потешко. Се на се, срамно.

Во секој случај, јасно е дека ни следат денови во кои ќе бидеме сведоци на една од најгнасните игри во политичкиот живот на РМ. Таа игра ќе ја водат тие што се полни со уста за правна држава и за демократија. Додека отворено ја рушат. Со полна уста за слобода на говорот. Додека зад завесата селектираат подобни и неподобни новинари, па првите ги плаќаат како што плаќаш курви, а вторите ги елиминираат. Со полна уста за независно судство, додека на друга страна нарачуваат и местат пресуди. На таа банда нема кој да се спротивстави, освен секој од вас.

Дарко Јаневски