Воислав ЗАФИРОВСКИ

Со неверување и предизвикан бес ја прочитав веста дека претседателот на Република Македонија, Стево Пендаровски, нема да биде присутен на чествувањето на Илинден во Крушево и дека на присутните ќе им се обрател со дури двоминутно видео обраќање!?

Според дотичниот, причината за тоа е што “на граѓаните им било преку глава од политички говори”!

Заради еден ваков без’рбетен лик кој на чудесен начин станал претседател на Република Македонија и врховен командант на Македонската армија; човек што прави преседан од децениски долгата традиција, во услови кога европските перспективи се заглавени со неофашистичкиот став на бугарската држава и ставот на ЕУ; се менува децениски долгиот и светол државен протокол за да нема непосредно обраќање кон домашната и меѓународна јавност за предизвиците и перспективите на Македонија е голем скандал.

Браво Стево, оди рашетувај се на геј парадите, а државните традиции, повели, препушти ги некој друг во некоја туѓа соседна земја да почне да ги негува.

Одлуката на Претседателот на државата да не се обрати на нацијата по повод Илинден, конституентата на Македонската државност, што е непрекината традиција од 1944 година наваму, претставува невиден скандал кој единствено може да се разреши со импичмент.

Дека чествувањето на трите Илиндена за самоидентификација, национална и социјална слобода како и државноста што се обидуваме да ја втемелиме и со прием во ЕУ, можела да биде сведена само на културно одбележување, претставува политички и државен аутизам без преседан.

Државниот протокол не е работа на личен избор, вклучително и оној на шефот на државата.

Таму, личноста претседател има задача да потсети на стремежите, борбата и на современите предизвици на нацијата на патот на втемелувањето на државноста и посебноста во кои се вградиле генерации наназад, но и овие денешните.

Илинден не смее да се дозволи да се чествува како хамбургер и пиво забава на роговите во вреќа, ако се тоа лицата што ја прифатиле поканата за присуство.

На Мечкин камен крај Крушево, обврска на претседателот и врховен командант на Македонската армија е директно да ги предочи своите гледишта согласно уставните надлежности за сегашноста, предизвиците и иднината на земјата во контекст на актуелните политички случувања. Единственото вистинско место за таков тип на обраќање од страна на претседателот е токму местото каде е втемелена нашата конститутивност. Од таму треба да испрати пораки до домашната, но и до меѓународната јавност за позициите и перспективите на Македонската држава и нација.

Оставете го на страна оној друг вид на обраќање, она еднаш во годината во Собранието на Република Македонија пред народните избраници.

Ќе повторам, личното присуство на претседателот на државата, во случајов на Стево Пендаровски не е и не смее да биде прашање на личен избор.

Таков државен дилетантизам, речиси е незамислив за секој нормален и слободоумен човек, а најмалку чин кој современик треба или може да го доживее.

На граѓаните не им е “преку глава од политички говори”, на граѓаните им е смачено од лоши, суетни и корумпирани политичари! Од тука и мислам дека Пендаровски се плаши да се соочи со граѓаните, но тоа го покажува само неговиот слаб и кукавички карактер.

Потсетете се, првиот претседател на Република Македонија, покојниот Киро Глигоров, на една од прославите доживеа непријатен инцидент, беше испрскан со вода, но тоа не беше причина, во духот на децениски долгата традиција да се обрати на присутните и не само таа, туку и во наредните години.

Ќе повторам, единствен начин да се разреши овој голем скандал е итно барање за негов инпичмент, се разбира, ако во меѓувреме самиот не увиди дека за функцијата Претседател не е достоен и му е претешка, за сам да се повлече од неа.

Вака останува народот да верува дека странство и гробиштата ни се поблиску отколку перспективата во сопствената Македонска држава. Невидена срамота!