За 98,9 проценти е натфрлен износот на добивката во однос на остварените 8,48 милиони евра во истиот период од 2022 година, пишува економскиот портал Пари.

За само три месеци Комерцијална банка од своето работење остварила позитивен финансиски резултатод од 16,87 милиони евра, односно 1.039,7 милиони денари. Што е за нецели сто проценти повеќе од добивката забележана во првиот минатогодишен квартал – 8,48 милиони евра или 522,6 милиони денари.

Со ова постигнување, планираната бруто-добивка за тој период е остварена со 136,4 проценти.

Тој износ е „набилдан“ преку солидните остварувања во сегментите од банкарското функционирање, објави порталот Пари.