Руското Министерство за одбрана ја обвини Велика Британија дека „претставници на нејзината морнарица организирале и учествувале во „терористички напад“ во Балтичкото Море на 26 септември кога биле оштетени гасоводите „Северен тек“ и „Северен тек 2“.

– Според достапните информации, претставници на оваа единица на британската морнарица учествувале во планирањето, поддршката и спроведувањето на терористичкиот акт во Балтичкото Море на 26 септември за поткопување на гасоводите Северен тек 1 и Северен тек 2, соопшти портпаролот Игор Конашенков без да обезбеди докази за овие тврдења.

Експлозиите се случија на 26 септември во исто време на два руски гасоводи за извоз на гас во Европа – Северен тек и Северен тек 2, потсетува РИА Новости.

Велика Британија се уште не ги коментира наводите, пренесе српски Телеграф.