Еден од двата оперативни реактори на нуклеарната централа Запорожје е исклучен поради руско гранатирање, соопшти украинскиот оператор „Енергоатом“, пренесоа британските медиуми.

– Поради уште еден минофрлачки напад на руските сили врз нуклеарната централа Запорожје, активиран е системот за итна заштита, а петтата единица е исклучена, соопшти „Енергоатом“  на социјалната мрежа Телеграм.

Операторот додаде дека блокот шест продолжува да работи и ја снабдува нуклеарната централа со електрична енергија за сопствените потреби.

Ова создава нејаснотии како руските сили гранатираат, а украинските власти гасат реактори, кога нуклеарната централа е под руска контрола!?