Советникот на украинскиот претседател Михаил Подољак денеска ги обвини руските сили за напади врз градот Енергодар, во чија близина се наоѓа нуклеарната централа Запорожје, која денеска треба да ја посети мисијата на Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ).

– Русија демонстративно го напаѓа Енергодар, долж официјалната рута на мисијата на МААЕ. За тоа да се обвини Украина. Куќи се уништени. Ова е демонстрација на вистинскиот интерес на Русија за инспекцијата. Ова е уште еден доказ за вистинската важност на руските гаранции за секој посредник, напиша Подољак на Твитер.

Нуклеарната централа Запорожје, најголемата во Европа, од март е под контрола на руските сили.