Претставничкиот дом на американскиот Конгрес вчера го одобри предлог законот на демократите за полицискат реформа, испраќајќи ја одлуката до Сенатот и покрај противењето на претседателот Доналд Трамп и неговите републикански сојузници.
Претставничкиот дом, во кој мнозинството го имаат демократите, гласаше со 236 „за“ наспроти 181 „против“, главно според партиските насоки, во прилог на донесување на законот, еден месец по смртта на Џорџ Флојд во Минеаполис, предизвикувајќи неколкунеделни протести за полициската бруталност, особено против Афроамериканците.
Првичните податоци од гласањето покажуваат дека тројца републикански конгресмени им се придружиле на демократите во гласањето за овој закон.
Но, предлог законот, во кој се препорачува измена на законот и политиките во врска со контролата на полициското насилство, најверојатно нема да биде изгласан во Сенатот, каде што доминираат републиканците, каде демократите го блокираа законот за републиканците. Белата куќа, исто така, може да стави вето.
Демократите и републиканците се во мртва трка околу пристапот до расната нееднаквост во полицијата, и покрај силната јавна желба за ефикасни реформи по смртта на Џорџ Флојд.
Демократите предлог законот го нарекоа „Правда за Џорџ Флојд во однесувањето на полицијата“ и предвидуваат дека јавниот притисок ќе го скрши републиканскиот отпор.
-Не мислам дека улицата ќе го прифати „ не “ за одговор, рече Нанси Пелоси за „Вашингтон пост“.
Полицијата во 2020 година убила седум невооружени Афроамериканци, додека во 2019 година имало 14 вакви случаи.