Американскиот претседател Доналд Трамп го обвини лидерот на движењето „Животите на црнците се важни“, Хак Њусом за предавство и поттикнување на бунт.

Коментарот на Трамп уследи откако Њусом во интервју за „Фокс њуз“ изјави дека протестите покренале сериозна политичка расправа за реформи на полицијата, како и дека се уапсени полицајци кои примениле прекумерна сила.

Но, Њусом не ги осуди немирите во САД.

– Реков… Ако ова земја не ни го даде тоа што го сакаме, тогаш ќе го урнеме овој систем и ќе го замениме… Можеби зборувам фигуративно, а можеби и буквално. Тоа е прашање на интерпретација, посочи Њусом.

Трамп на Твитер остро одговори на изјавата на Њусом.

– Тоа е предавство, поттикнување на бунт, бунт!, објави Трамп на Твитер.

Тој исто ја напиша и фразата што често ја користи – „закон и ред“.