Иако првично беше најавено дека ќе биде отворен до 4 април, утре завршува конкурсот за испраќање на есеи на тема „НАТО и јас“, што е распишан под покровителство на министерката за одбрана Радмила Шеќеринска.
Најдобрите три есеи на средношколци ќе бидат наградени со организирана посета на седиштето на НАТО, под покровителство на министерката Шекеринска Јанковска и НАТО.
Трите прворангирани есеи ќе бидат презентирани на отворениот настан за јавност кој ќе се одржи во градски парк во Скопје на 7 април 2019 година.
Рокот за конкурирање беше најавено дека ќе трае до 4 април, но според објавата на министерката Шеќеринска на Твитер, рокот за конкурирање истекува утре на 29 март.
Според пропозициите на конкурсот есеите треба да бидат изработени во А4 формат со фонт “Arial”, големина 12 и проред единечен. Есеите мора да имаат не помалку од 3 и не повеќе од 5 страни (формат А-4) изработени во MSWord со маргини: лево 3 cm, горе-3 cm, долу-3 cm и десно-3 cm. Воведот и заклучокот не треба да бидат нагласени посебно како „вовед“ и „заклучок“. Во текот на пишувањето не смее да има точки и потточки на есејот. Се препорачува мислите да бидат јасни и прецизни.