Напаѓачот на Бразил, Габриел Жезус е суспендиран на два месеци за неговото однесување во финалето на Купот на Америка 2019 против Перу (3:1).
Во средината на второто полувреме, играчот беше отстранет од теренот. Фудбалерот реагираше многу емотивно на одлуката на судијата и напуштајќи го теренот удри по штандот каде што седеше делегатот на натпреварот, а исто така бурно реагираше и кај собата со системот за видео помош за судиите.
Јужноамериканската фудбалска конфедерација (КОНМЕБОЛ) одлучи да го казни 22-годишниот напаѓач за вакво однесување.
Покрај двомесечната суспензија Жезус е казнет со парична казна од 30 илјади долари.