Италијанскиот премиер Џузепе Конте изјави дека не е подготвен по изборите за Европскиот парламент да поднесе оставка на функцијата во полза на неговиот заменик и актуелен министер за внатрешни работи Матео Салвини.

– Искрено, не сум подготвен да му ја предадам палката, изјави Конте за весникот „Кориере дел Сера“, одговарајќи на прашањето дали е подготвен да му ја препушти премиерската функција на Салвини.

Конте доаѓа од редовите на антиинституционалното Движење Пет Ѕвезди (М5С), кое има најмногу пратеници во италијанскиот Парламент, додека Салвини е лидер на десничарската партија Лига, која во моментов е најпопуларна политичка сила во Италија и се очекува да освои најголем број гласови на изборите за Европскиот парламент, што треба да се одржат во мај идната година.

– Ова влада е израз на реформскиот проект за чие оставрување е потребен цел мандат, изјави Конте.