Американски воени камиони почнаа да се повлекуваат од Сирија откако Вашингтон ја објави одлуката за повлекување на американската војска од земјата, јави денеска турската телевизија Хабертурк.

Според телевизијата камионите синоќа тргнале кон границата со Ирак.

Според Хабертурк можно е камионите да се натоварени со оружје, кое и е доставено на курдската милиција Сили за заштита на народот, која се бори против џихадистиката група Исламска држава.

За Турција погрешна е одлуката на Вашингтон да се достави оружје на сириските Курди. За турските власти Силите за заштита на народот е поврзана со Курдска работничка партија, која е прогласена за терористичка организација. Анкара проценува дека американското оружје можно е да биде употребено против Турција.

Вашингтон презеде воена операција против ИД во Ирак во јуни 2014 година, а во Сирија во септември истата година. Одлуката на Трамп за повлекување на американските војници од Сирија, е изненадување не само за сојузниците на САД, вклучително и тие од Блискиот Исток, туку и за членовите на американскиот Конгрес.