Тренерот на Интер, Антонио Конте, по победата над Лацио во 5. коло од италијанскиот шампионат (1:0), рече дека успехот е резултат на напорната работа во изминатиот период.

– Ова е вредна победа против многу силен противник, кој се засили во текот на летото и работи со Симоне Инзаги веќе четири години. Петте победи на пет меча докажуваат дека напорната работа се исплатува. Сигурен сум дека во моментот кога ќе започнат лошите резултати, критиките ќе паднат врз нас, но ние сме подготвени за тоа, потенцира Конте.

Претходно, Интер ги победи Лече (4:0), Каљари (2:1), Удинезе (1:0) и Милан (2:0).

Интер е лидер на табелата во Италијанското фудбалско првенство со 15 бода пред шампионот Јувентус кој досега собра 13 бода.