Санкциите на ЕУ против Русија се штетни за италијанските компании, изјави денеска италијанскиот премиер Џузепе Конте.
Тој додаде дека неговата влада сака да ги зајакне врските со Русија.
Конте го даде тој коментар еден ден откако вицепремиерот Матео Салвини ги опиша европските санкции како „социјални, културни и економски апсурди”.
Тој пред Парламентот нагласи дека Русија не треба да се смета за закана, туку како економски и трговски партнер со потенцијално растечка важност во владината програма.