Резибраниот претседател на СДСМ со „цели“ 18.000 гласови и натаму оди контра волјата на сопствениот народ. Филипче во манир на Заев и Ковачевски и натаму во Брисел ја критикува сопствената земја и народ за неусвоените уставни измени, само неколку дена по анкетата на „Детектор“ во која јасно се вели дека ЦЕЛИ 82% ОД МАКЕДОНЦИТЕ се против нивно прифаќање.
Граѓаните и понатаму со огромно мнозинство се против уставни измени за внесување на Бугарите во Уставот покажа анкетата од емисијата „Детектор“ која јасно укажа декадури 82 отсто од Македонците се против внес на Бугарите во Уставот. Ваквата анкета била спроведена од Институтот за политички истражувања на репрезентативен примерок. Кај Македонците:
82% одговориле НЕ
12,9% одговориле ДА
Вкупно, кај сите граѓани на Република Македонија заедно, дури 64% се против оваа понижувачка авантура. Но не и за Филипче, кој во Брисел преде европските социјалдемократи (групација која е далеку зад европската десница на ЕПП чиј дел е ВМРО-ДПМНЕ) ја кодошеше сопствената земја.
Според него, Владата немала ниту идеја ниту волја да направи конкретен исчекор од ќорсокакот кој ни го наметна токму владата на СДСМ и ДУИ со прифаќањето со субмисивниот Француски/Бугарски предлог..
„За жал, сега не можеме да се пофалиме со ништо, заглавени сме во државата. Оваа влада нема ниту идеја, ниту желба да направи чекор напред во евроинтеграциите. Јасно е што треба да се направи, меѓународните договори мора да се почитуваат, но веќе никој не верува на слатките зборови на владините претставници. На сите им е јасно дека С. Македонија не може да оди напред со оваа Влада, нема желба.” изјави Венко во Брисел, еден ден откако се самопобеди на избори каде беше единствен кандидат за истото..
Филипче, освен што 30-на пати во рамки на говорот во Брисел не нарече Северна, не заборави крајно сервилно да предупреди дека времето не работи во корист на Македонија и дека секој ден заостанување зад регионот ја комплицира иднината.
За негова жал, никој во Македонија со месеци не ги споменува ниту ЕУ, ниту евроинтеграциите, особено по отворената најава за прием на Украина, последната навреда за 20-годишнината од кандидатурата на Македонија, која го смени и името за да стане дел од европското семејство.
На дипломатски план, како и на секој друг, Македонија во Брисел има шанси да види два сосема различни света – пристапот и настапот на владата на премиерот Мицкоски кој секогаш стои зад националните интереси и сервилниот континуитет на Филипче, кој ја продолжува коленичарската приказна на Ковачевски и Заев.