Комплетирано е првото коло во фудбалскиот Куп на Америка, откако ноќеска во Сао Пауло се одигра средбата меѓу Чиле и Јапонија. Чилеанците забележаа убедлива победа со 4:0.
Двоен стрелец беше Едуардо Варгас, по еднаш реализираа Ерик Пулгар и Алексис Санчез.
Во поредокот во Ц-групата, Уругвај и Чиле се на првите две места со по три бода и идентична гол-разлика, Еквадор и Јапонија се без бодови.
Вечер со делот Боливија – Перу ќе стартува второто коло.