Во организација на Македонската традиционална карате федерација, од 18-22 јуни 2019 година ќе се одржи Летниот традиционален карате камп и куп Неа Флогита 2019 на Халкидик во Грција.

Семинарот ќе го водат Венцислав Недев 9 дан, Дејан Недев 6 дан, Аљоша Недев 6 дан и Јадранка Недева 5 дан, повеќекратни европски и светски шампиони во традиционално карате.

– На семинарот учество ќе земат повеќе каратисти од Македонија, Грција и Србија. Собирот во Неа Флогита ќе се искористи и за реализација на првите подготовки пред претстојното Светско првенство во декември во Куритиба, Бразил, информираат од МТКФ.

На крај од семинарот ќе се одржи и полагање за ученички и мајсторски појаси како и традиционалниот меѓународен турнир Неа Флогита 2019.