Вкупната бројка на потврдени случаи на Ковид-19 во Македонија од почетокот на епидемијата достигна 15.090, оздравени се 12.235, а битката со коронавирусот ја изгубија 617 луѓе.
Во моментов, според статистиката на Министерството за здравство има 2.238 активни случаи, најмногу во Скопје 754, во Куманово 262, Прилеп 152, Гостивар 136, Тетово 124 и во Штип 106. Без активен случај е само Ресен, а на дното на листата се и Крушево со еден и Валандово и Демир Хисар каде што има по двајца активни.
Во изминатотото денононоќие се евидентирани 92 новозаразени, 86 излекувани и тројца починати. Тестирани биле 997 лица. Досега во земјата се направени вкупно 157.519 тестирања на Ковид -19.
Во болниците моментално се лекуваат 301 пациент, од кои 53 се на кислородна поддршка, а двајца на механичка вентилација.
Меѓу земјите во регионот, најмногу случаи на Ковид-19 досега се потврдени во Србија околу 32 илјади, во Босна и Херцеговина 21,5, Бугарија има 17,9, Косово 14, Хрватска 12, Грција 11,4 и Албанија 10,1 илјади.
Во светот бројката на ковид позитивни надмина 27 милиони. Излeкувани се 19,2 милиони, 885 илјади починаа, а во моментов активни се околу 7 милиони.
Најмногу потврдени случаи има во САД 6,4 милиони, во Индија 4,2, Бразил 4,1 и во Русија милион. Кина од каде започна пандмијата на Ковид-19 досега евиденирала околу 85 илјади позитивни на Ковид-19.