Од околу 133 илјади досега заразени од коронавирус во светот, излекувани се 69 илјади, а починале 4.900.
Од моментално болните, 90 отсто се со умерени и благи симптоми, а 10 проценти имаат сериозна клиничка слика.
Најмногу заразени и починати од коронавирус досега има во Кина (80.796 / 3.169), Италија (15.113 / 1.016) и Иран (10.075 / 429).
Во овие три земји има и најмногу излекувани од Ковид-19. Во Кина од болеста целосно се опоравиле 62.826, во Италија 1.258 и во Иран 3.276.
Случаи на коронавирус досега се регистрирани во 125 земји во светот. Светската здравствена организација поради глобалната криза од коронавирусот завчера прогласи пандемија.