Венко Филипче наместо да набавува вакцини, потпишува јавни набавки на тендери во кои постои огромен сомнеж за криминал и корупција, ова денеска преку прес-конференција го истакна Наум Стоилковски од ВМРО-ДПМНЕ.

-Секој ден умираат десетици наши сограѓани како последица на Ковид-19, секој ден имаме стотици и стотици нови заболени, а Филипче потпишува тендери вредни милиони. Тендери има, а вакцини нема. Вчера објавивме дека Венко Филипче потпишал набавка на томографи и покажавме придружен материјал за болниците во Кавадарци и Гевгелија со фирмата Кубис Медикал за 15 милиони повеќе од првично понуденото од истата фирма. И е на пат да го оштети буџетот и граѓаните. Имено по спроведената прва фаза од набавката и укинувањето на конкуренцијата на сите понудувачи кои ги исполнувале условите, Кубис Медикал дава втора понуда за 15 милиони повеќе од тоа што самата понудила во првото јавно наддавање. Одејќи по чистата бизнис логика, Кубис имала добивка уште во првиот случај, па така се поставува прашањето каде ќе завршат дополнителните 15 милиони, за кои е зголемена цената? Дали овие 15 милиони, за кои е зголемена цената ќе завршат во џебовите на врвот на власта и Венко Филипче можеби? Особено ако се земе во предвид дека Кубис Медикал е чест добитник на тендери во здравството. Аферата „Коруптографијa“ има втор дел, омилената фирма на Филипче Кубус медикал која победи на оглас за томографи поскапи за 15 милиони денари, за 3 години добила државни тендери од 5 милиони евра, вели Стоилковски.

Тој додава дека во наредните неколку дена ќе изнесеме податоци и ќе обелодениме документи, како само во последните година дена Кубис Медикал свртела неколку десетици милиони преку тендери поврзани со клиниките и болниците во Македонија.

-Само во последните два месеци, односно од почетокот на 2021 година до денес, Кубис Медикал од клиниките и болниците низ Македонија добила тендери во висина од 7.381.554 денари, односно 120.000 евра. Фирмата миленик на Филипче во скандалот коруптографија, на 01.02.2021 година, со Универзитетската клиника за радиотерапија и онкологија, склучува договор за набавка на уреди за дневна проверка на акцелератори во висина од 1.769.976 денари. Две недели подоцна истата склучува договор за набавка на шприцеви и друг потрошен материјал со општа болница во Струга, во висина од 548.110 денари. За два дена по оваа набавка на Кубис Медикал и тргнува работата па склучува договор за набавка на опрема за томографи, за Универзитетски институт за позитронско – емисиона томографија, во висина од 1.349.873 денари. Кога среќа те сака, односно можеби Филипче, многу е лесно па така во еден ден на 28.01.2021 година Кубис Медикал склучува два договори еден со Универзитетската клиника за детска хирургија, а другиот со Ургентен центар во висина од скоро 3 милиони денари. Два договори во еден ден Кубис Медикал потпишува и на 01.02.2021 година, едниот со Клиничката болница во Штип, а другиот со Св. Еразмо во Охрид, во висина од околу 9 милиони денари, вели Стоилковски.

Тој потенцира дека 5 милиони евра државни тендери за три години за фирмата Кубус медикал која победи на оглас за томографи поскапи за 15 милиони денари. Ги повикуваме истражните органи да се заинтересираат и да го истражат случајот со овие тендери на Кубис Медикал и честото добивање на тендери во здравството, со целосно испитување на постапките. Секое прогледување низ прсти и свесно местење ќе биде санкционирано со враќањето на слободата и правдата во државата.

Линк од договорите можете да најдете ТУКА.