Кошаркарот Пол Гасол летоска потпиша договор со Портланд, но набрзо стана јасно дека разделбата е неминовна. Шпанецот од тогаш е без ангажман, во меѓувреме имаше понуда од Барселона, меѓутоа беше цврсто решен да остане во САД со намера да издејствуива нов НБА договор.

Тоа создаде впечаток дека Гасол би можел наскоро да објави крај на кариерата што, сепак, не е опција за извонредниот кошаркар. Сега порача дека негова цел е настап на летните Олимписки игри во Токио и ако се оствари таквата желба, тоа ќе биде петти настан на кој ќе учествува по Атина, Пекинг, Лондон и Рио де Жанеиро.

– Заздравувам. Тоа е мојот статус. Фокусиран сум на санација на повредата на стопалото и да се вратам на терените, рече 39-годишниот Гасол.