Владата на Косово завчера воведе дополнителни санкции против Руската Федерација и ги зајакна постоечките блокади кон Москва.

Според информациите од Приштина, со овој чекор Косово го блокира извозот на напредна технологија која треба да биде блокирана да дојде до индустриските и воените капацитети на Русија, објави Владата во Приштина.

Медиумите, кои ја пренесоа веста објавуваат дека не е наведено во соопштението на Владата кои се напредните технологии, со кои располага Косово, а ги нема Русија.

Косовската влада ја усвои одлуката за воведување дополнителни санкции против Руската Федерација во согласност со одлуките за спроведување на Советот на ЕУ.

Тие ја дополнија одлуката од 13 јуни годинава за „спроведување меѓународни санкции од страна на Република Косово во врска со меѓународните обврски кон поединци и субјекти поврзани или одговорни за дејствија кои го поткопуваат и загрозуваат територијалниот интегритет, суверенитет и независноста на Украина“.

Новите мерки ќе значат нови ограничувања како забрана за извоз на напредна технологија или стоки кои имаат влијание врз индустриските и воените капацитети на Русија.

Освен тоа, како што објасни заменик-министерот за надворешни работи на Косово, Лиза Гаши, санкции се воведуваат и кон Русија во секторот за течен природен гас.

Ова е 13-ти пакет санкции против Русија воведени од Приштина во согласност со ЕУ и САД од почетокот на војната во Украина на 24 февруари 2022 година, со кои тие исто така се договорија во јуни за прашањето за воведување санкции за исламската Република Иран.

Извор: Коссев