Дистрибутерот на електрична енергија на Косово, КЕДС, соопшти дека добил наредба од Националниот диспечерски центар на Косово да започне со рестрикции за електрична енергија од 08:00 часот во понеделник – 15 август.

Во соопштението е наведено дека овие ограничувања, врз основа на испратениот план, ќе бидат до 2 часа за сите потрошувачи.

– Од утре земјава ќе се снабдува само од локалното производство бидејќи КЕДС и КЕСКО веќе немаат финансиски средства да номинираат енергија надвор од она што го произведуваат локалните генератори. До оваа состојба дојде поради енормните цени на меѓународните пазари и неможноста да се покријат трошоците на системот. Тоа значи дека секоја побарувачка на локалното производство е ограничена и не може да биде покриена со увоз, се наведува во коминикето.