Голем број граѓани од српска националност од северна Митровица, како и од други делови на Косово, се упатија на протест кој се организира поради воведувањето такса од 100 отсто на увозите од Србија, но и поради денешните апсења во северна Митровица, јави МИА од Приштина.

На излезот од северна Митровица формирана е колона долга неколку километри од граѓани кои се упатија кон Рударе, местото каде што се организира протестот.

Мирни протести се најавени на уште три локации, во Зупче и на граничните премини меѓу Косово и Србија, Јариње и Мердаре.

Забележително е и присуството на припадници на косовската полиција, која го обезбедува протестот.