Припадник на косовската полиција е убиен синоќа во несреќен случај во село во близина на Приштина, откако бил погоден од случаен истрел од пиштол од страна на негов колега, јави дописникот на МИА од Приштина.
Како што соопшти полицијата, несреќата се случила околу полноќ, на приватна седенка во селото Златар.
Смртта на полицаецот ја констатирале лекарите во Клиничкиот и универзитетски центар на Косово, додека државен обвинител го овластил Полицискиот инспекторат на Косово да ги преземе сите потребни дејствија за расветлување на случајот.
Осомничениот за ненамерното убиство е уапсен, информира полицијата.