Косовското Министерсство за заштита на животната средина побарало од општинските власти да забранат употреба на петарди и пиротехнички средства за време на новогодишните празници, јави РТК.

Министерството нагласува дека причина за тоа барање е „заштита од загадување на воздухот и последиците од користењето пиротехнички средства за здравјето на луѓето и животната средина“.

Министерството испратило писма до градоначалниците на сите општини во кое бара забрана за петарди и пиротехнички средства на јавни места за време на новогодишните празници