Ветераните на УЧК од Косово решија да се приклучат на Украинската армија во борбата против Руската армија, објави косовскиот медиум Џок.
Според нив, како што пренесе Инфомакс, предводник на групата ветерани на УЧК ќе биде Фериз Делиу.
Украинскиот претседател Володимир Зеленски пред два дена потпиша указ за формирање на т.н. легија на странци, а за сите доброволци кои сакаат да се борат на страната на Украина обезбеди безвизен режим.
– Сите што можат да се вратат, вратете се да ја бранат Украина. Сите пријатели кои сакаат да ни се придружат, ве молиме дојдете, ќе ви дадеме оружје, порача Зеленски.
Тој додаде дека „се што треба да обезбедите е патна исправа“ објаснувајќи ја постапката за пристапување кон овој одред на странски доброволци на украинска страна.