РУСКО – УКРАИНСКИ МИРОВНИ ПРЕГОВОРИ: Сепак, вечерва, делегациите на Русија и Украина ќе ја одржат втората рунда од преговорите за мир

/ 02.03.2022

Втората рунда на преговори меѓу Русија и Украина ќе биде одржава вечерва, потврди денеска Алексиј Арестович, советник на шефот на канцеларијата на укранскиот претседател, Володимир Зеленски.

Според неговата изјава, делегациите од двете страни ќе бидат непроменети.

Првата рунда од преговорите почна на 28 минатиот месец во Белорусија. Средбата на двете делегации се одржува во место во близина на реката Припјат на украинско-белоруската граница.

Вчера беше најавено денешното продолжение на преговорите, па потоа одложено, а за вечерва повторно закажана средба.

Последна вест: Руската делегација патува кон местото на одржување преговори со украинската страна

Белоруската новинска агенција Белта јави дека руската делегација патува на местото каде што ќе се водат преговорите со украинската страна.

Точната локација на разговорите се уште не е откриена.

Разговорите меѓу Украина и Русија ќе продолжат денеска, јави претхдно Си-Ен-Ен, повикувајќи се на изјава на помошник на украинскиот претседател.

Вториот круг разговори се очекува да го сочинуваат истите претставници присутни на првата рунда разговори во понеделникот.

„Сега е официјално. Втората рунда преговори меѓу Украина и окупаторот ќе се одржи денеска“, изјави за Си-Ен-Ен помошник на Зеленски.

Во понеделникот се одржаа разговори во Белорусија, во близина на границата меѓу Белорусија и Полска.


Од истата категорија