Сегашниот пратеник и портпарол на СДСМ, Костадин Костадинов, денеска го пофали поранешниот в.д. градоначалник на Струмица, Костадин Костадинов.

– Времето кога Струмица беше лидер во добивање и реализирање на проекти. Сериозниот пристап, навремената реализација, трезвената комуникација, силниот тим се решение за предизвиците, објави на Фејсбук скромниот пратеник Костадинов за успешниот градоначалник Костадинов.

Како што е познато, „скромниот и успешниот“ Костадинов стана градоначалник на Струмица откако фотелјата му ја отстапи неговиот претходник, сопартиец, сограѓанин и лидер на СДСМ, Зоран Заев.

Сега кога и двајцата се на други функции, на Костадинов му останаа само спомените на Фејсбук за времето кога „Струмица беше лидер“.