Човекот кој 11 години не знаеше и не направи ништо за намалување, што не знаеше што значи интерес на граѓаните, тоа е Христијан Мицкоски, почна да станува промотор на политиките на СДСМ, рече на денешната прес-конференција портпаролот и пратеник на СДСМ, Костадин Костадинов.

– Откако СДСМ ја промовираше мерката за намалување на ДДВ за парно од 18 на 5% се јави Мицкоски дека тој и ВМРО-ДПМНЕ ќе се заложеле да се намалат трошоците за затоплување. Тоа почитувани се вика лицемерие и неодговороност. Тоа почитувани граѓани е истиот Мицкоски, советник на Никола Груевски за енергетика, кој со години не предложи ниту една мерка за намалување на трошоците за граѓаните. Напротив, додека го советувал Груевски, укината е евтината тарифа на струјата, а цената на електричната енергија се зголеми за 100 отсто. Додека Мицкоски го советуваше Груевски, граѓаните на Скопје беа приморани да плаќаат за парно дури и ако не го користат. Додека трошоците на граѓаните растеа, Мицкоски молчеше и го гледаше бизнисот со хидроцентралите, рече Костадинов.

Има господине Мицкоски, продолжи Костадинов, кој да се грижи за граѓаните, можете да гледате и да учите.

– Согласно одлуката за намалување на ДДВ-то за испорака на топлинска енергија од 18 на 5 проценти, од почетокот на новата грејна сезона, граѓаните ќе добиваат помали сметки за парно греење. Тоа значи дека секое семејство, приклучено на централно парно греење со стан со просечна квадратура, ќе добива пониска сметка за околу 220 денари месечно, што значи годишна заштеда од над 2.600 денари. Секако, добро е ако Мицкоски разбрал што се вистински политики, па стана промотор на политиките на Владата предводена од СДСМ кои значат помали трошоци за граѓаните и повеќе пари во нивните џебови. Го охрабруваме Мицкоски да презентира и сопствени мерки, кои, за промена ќе бидат во интерес на граѓаните, наместо во интерес и одбрана на криминалите како што тоа го прави досега, рече Костадинов.