Имам да соопштам убава вест, одлично работно саботно попладне за мене како пратеник, особено за граѓаните, објави портпаролот и пратеник на СДСМ, Костадин Костадинов.

– Го изгласавме законот за финансиска поддршка на граѓани со низок доход, корисници на пензија, корисници на право на социјална сигурност на стари лица, млади лица, самохрани родители, деца без родители и родителска грижа, уметници и други лица кои вршат дејност во културата, филмски работници и естрадни уметници. Зборот е збор, ние сме власт која дава поддршка на на граѓаните тогаш кога е најпотребно. Така и ќе продолжиме, посветено, искрено и неуморно, објави Костадинов.