Разочаран сум од опозицијата која наместо да помага, ни одмага во оваа криза, објави вечерва пратеникот и портпарол на СДСМ, Костадин Костадинов и најави комбе за болницата во Струмица.
– Со силна посветеност, со многу разговори, разбирање за состојбата во која се наоѓаме и интензивната борба со коронавирусот, заедно со директорот на болницата во Струмица, Наке Гогов, со Дирекцијата за управување со кризи, утре обезбедуваме санитетско комбе за струмичката болница. Ова е дополнително возило од веќе обезбеденото кое го очекуваме до декември. Разочаран сум што опозицијата наместо да помага, прави се за да буквално одмогне во оваа криза. Секако за тоа најдобро ќе судат граѓаните. Проблемите ги решаваме многу брзо, се грижиме и преземаме одговорност. Само со посветена и неуморна работа, можеме и мораме да ги решаваме проблемите кои се натрупани со години наназад, објави Костадинов на Фејсбук.
Ова се случува откако директорот на болницата во Струмица синоќа објави апел за помош од граѓаните, па потоа го избриша од Фејсбук. Веднаш реагираа од владејачката партија на Костадинов и ветија дека ќе обезбедат комбе, за два месеца. Еве сега стигнува по два дена, а пред неколку дена мнозинството пратеници во Собранието го одбија амандманот за набавка на три амбулантни возила во Струмица.
Инаку, во времето на „режимот на Груевски“ годишно во неколку години се набавуваа и по неколку стотини амбулантни возила.