Ќе ги победиме толку силно што и лавот од логото ќе им избега, објави вечерва на Фејсбук портпаролот и пратеник на СДСМ, Костадин Костадинов.

Ова е негов личен рекорд. Откако секој ден на прес конференции ја убедува јавноста дека во Македонија се цвета, дека сите ни завидуваат, дека платите растат од ден во ден, дека СДСМ откако дојде на власт ја направи земјава рајска градина на која сите ни завидуваат…

Алузијата на Костадинов е јасна, насочена кон политичкиот ривал ВМРО-ДПМНЕ. И ова е врв. Подгответе се да го фаќате лавот, Костадинов објави дека ќе избега!